Media & Marketing Blog

Споредба на агенди: мејнстрим – граѓански медиуми

Последната студија на PEJ (Project for Excellence in Journalism) врши интересна споредба на главните наслови (стории) од неколку онлајн агрегатори каде корисниците ја одбираат содржината (user-determined news aggregators) и оние од мејнстрим медимите.

Уште во 2003 имаше едно истражување, кое покажа дека мејнстрим медиумите ја диктираат агендата на блогосферата, но сега, неколку годиин покасно, развојот на граѓанските/општествени медиуми е на повисоко ниво и резултатите се разликуваат.

PEJ во период од една недела ги анализирале главните стрории од Del.icio.us, Reddit, Digg и неколку содржини од YahooNews, и нив ги споредиле со редовните анализи кои ги изготвуваат за агендата на мејнстрим медиумите.

If a new crop of user-news sites—and measures of user activity on mainstream news sites—are any indication, the news agenda will be more diverse, more transitory, and often draw on a very different and perhaps controversial list of sources, according to a new study. …повеќе

Неколку од главните заклучоци:

  • he news agenda of the three user-sites that week was markedly different from that of the mainstream press
  • Many of the stories users selected did not appear anywhere among the top stories in the mainstream media coverage studied.
  • The sources user news sites draw on are strikingly different from the mainstream media
  • Despite claims that the Web would internationalize consumers’ news diets, coverage across the three user-news sites focused more on domestic events and less on news from abroad than the mainstream media that wee

Како би изгледал светот без уредници, погледни во деталите на ова истражување:The Latest News Headlines—Your Vote Counts

PDF верзија (100KB)

забелешка: го мрзам терминот граѓански медиуми (social/citizen media), ама не можам да му најдам соодветен превод, ако имаш предлог, пиши.

Technorati Tags: , , , , , , , , , , , .

3 коментари на “Споредба на агенди: мејнстрим – граѓански медиуми”

  1. sead93

    Тешко да се скова некоја алтернатива на терминот „граѓански медиуми“, оти „социјални медиуми“ некако повеќе оди накај социјала а не општество, значи семантички би можело „јавни или отворени општествени медиуми“ ама некако не е баш згоден изразот, а за граѓански не знам што би можело да биде синоним.

  2. Стеван

    Немав време да го прочитам извештајот, само првите три-четири страни, меѓутоа ме копка да искоментирам, повеќе од лично искуство.

    Една од поентите во извештајот е дека мејнстрим медиумите повеќе се интересирале за Ирак и слични теми, а онлајн агрегаторите за iPhone и Нинтендо.

    Она што можам јас да кажам, имајќи го искуството од сајтот на А1 Телевизија, е дека ја имавме веста за претставувањето на iPhone, меѓутоа не предизвика некое особено внимание.

    Поентата ми е, да не должам многу со објаснување, дека корисници на сајтовите како Del.icio.us, Reddit, Digg многу често се компјутерски попотковани интернет корисници, многу често луѓе од самиот ИТ сектор и затоа вакви „технички“ теми се јавуваат многу почесто во однос на мејнстрим медиумите.

    Од мое лично искуство, во деновите пред и после претставувањето на iPhone, сите луѓе од ИТ што ги знаам зборуваа само за тоа, а останатите не се „запалија“ многу за темата.

  3. darko156

    Апсолутно си во право Стеван, ама сепак оваа тенденција се менува. До пред некое време ИТ темите беа далеку позастапени во блогосферата и на ваквите сајтови, има истражувања кои покажуваат дека тоа се менува. Плус еве уште еден дел од ова истражување кој покажува дека има разлики и меѓу нив:

    Reddit was the most likely to focus on political events from Washington, such as coverage of Vice President Cheney; Digg was particularly focused on the release of Apple’s new iPhone; Del.icio.us had the most fragmented mix of stories and the least overlap with the News Index

    И да не заборавиме дека постојат уште еден куп вакви слични сервиси кои си се насочени кон некоја тема и си ја тераат.

    А локално мислам дека сеуште е рано за да може да се извадат некои вакви споредби. Евентуално би можело да се споредеува на пр. А1 со Кајмакот или нешт слично.

Коментарите се затворени.