Повторно за етиката

Веќе еднаш на овој блог беше спомната етиката на новинарите во Македонија (линк), денес имам потреба повторно да ја актуелизирам. Вчера (12.09) на еден див железнички премин во Скопје (најверојатно) самоубиство извршиле две жени. (линк) Случката сама посебе е морбидна и не и е потребна дополнителна помош за да биде забележана. Но нашите пријатели од дневниот весник Дневник не мислат така. Тие на денешната насловна страница ставија фотографија од овој настан, и тоа многу морбидна фотографија. Се надевам дека во текот на денов ќе ја стават на веб и ќе поставам линк.

Навистина не гледам логична причина зошто луѓе кои не сакаат да гледаат морбидни работи на некој начин се присилени на такво нешто, зашто на крајот на краиштата насловната страница ќе ја види и оној што сака и оној што не сака, а тука ги вклучувам и децата.

Поддржувачката логика би била дека на насловната терба да се стави се што би го продало весникот. Но ме интересира дали токму оваа слика би продавала весник. Доколку е навистина така, редно е да ја промениме нашата историја и да почнеме да се претставуваме како морбидни наследници на нашите дедовци и баби.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Повторно за етиката"

Коментирај!