Media & Marketing Blog

Биди си BBC?

Во текот на минатата недела низ хрватските медиуми беа пласирани информации за наводната подготовка на нов закон за нивниот јавен телевизиски сервис, според кој рекламирањето би било забрането на ХТВ :

Već od iduće godine Hrvatska radiotelevizija trebala bi postati prava javna televizija na kojoj se više neće emitirati komercijalne reklame i oglasi. Cjelokupno oglasno tržište, na kojemu je lani potrošeno oko 960 milijuna kuna, prepustit će se komercijalnim TV kućama, dakle Novoj TV i RTL Televiziji. Budući da će HRT biti isključen s oglasnog tržišta, javna će se televizija financirati po tzv. finskom modelu: većim dijelom iz pretplate, a dijelom tako što će komercijalne televizije izdvajati određeni postotak zarade od marketinga i davati ga javnoj televiziji.

Бидејќи хрватските реформистички достигнувања и искуства, често се предмет на споредување со нашите, и тоа во повеќе сфери, човек не може а да не помисли колку е ваквиот (фински) модел на функционирање применлив за нашиот јавен сервис?

Неколку работи се повеќе од очигледни: фрагментацијата на пазарот на медиуми (која најчесто не дава некаква  побогата понуда, исклучок, фудбалски преноси, можеби?) кај нас е многу поголема. Во Хрватска, се работи за две големи приватни телевизии кои се во конкурентски однос, и чија реална кадровска и финансиска моќ нужно резултира во поголем програмски квалитет. И замислете и во таква состојба на нив малку им се и тие средства и таквата позиција, па се борат за повеќе?

Според  резултатите на истражувањето на Советот за радио-дифузија од 2007 за вкупните телевизиски трошоци за огласување, Хрватска имала „скор“ од 406 милиони евра, а Македонија пак 121 милиони евра. Кога првото ќе се подели на 3, а второво на 20-тина, се гледа дека реалната моќ на нашите телевизии е многу слаба, и системски преодредена.

Од друга страна, реалната рекламна моќ на МРТВ е мала (2% во 2007, сега е можеби и помал?), па евентуалниот дел од колачот кој би го презеле приватните телевизии веројатно би бил помал од потребниот комерцијален дел од давачките кои би биле побарани од нив, што го чини овој модел тешко прифатлив на нашиот медиумски пазар.

Постојат и многу други аспекти на проблемов освен овој, па ако ги цените за доволно важни на темава , повелете споделете ги во коментарите.


6 коментари на “Биди си BBC?”

  1. Алчевски

    Ако навистина се донесе новиот закон во овој облик тоа ќе значи една од двеве работи:

    а) појава на уште еден комерцијален ТВ канал во Хрватска

    б) зголемување на дозволените рекламни минути по час програма на комерцијалните ТВ куќи

    Неколку ад-хок анализи што се појавиа по написот во Јутарњи едноставно подразбираат дека сега рекламниот колач ќе се дели на два, не на три дела. Бесмислено.

    Во ударен термин, да речеме, од 20 до 21 ч. во Хрватска имаме 4 часа национален ТВ програм (ХТВ1, ХТВ2, НоваТВ и РТЛ). Според сегашниот закон ХТВ има право на 9 минути реклами по час, Нова и РТЛ (мислам) по 12. 9+9+12+12=42 рекламни минути во еден час.

    Ако ги одземеме тие 18 ХТВ-минути тоа не значи дека другите две куќи едноставно ќе си ги подигнат цените и ќе заработат повеќе од порано за онолку колку ХТВ досега наплаќал по рекламна секунда. Во медиумскиот простор ќе настане недостаток на рекламен простор. За да се надокнади комерцијалните куќи можеби ќе добијат и повеќе од 12 минути по час, ама тешко. Правилата на ЕБУ се такви да дури и 12 рекламни минути се премногу.

    Не само што Нова и РТЛ нема да ги заработат сите пари што ќе останат „фазла“ од ХТВ туку ќе заработат исто. Те. ќе заработат 20-30% повеќе ама толку и ќе им лапне државата во име на ХТВ како рекламен данок за јавната телевизија.

    Ќе се случи следново:

    ХТВ ќе има иста цена на прозведениот час програма (сопствена или надворешна) но ќе има околу 20-30% помал буџет.

    РТЛ и Нова ќе останат на исто тереџе.

    Огласувачите нема да имаат каде да се рекламираат.

    Под итно ќе се случи некој да се сети дека ни фали уште една комерцијална телевизија. Со тоа ќе се реши проблемот на огласувачите; никако проблемот на публиката која сака квалитетна јавна телевизија и квалитетна програма.

    Кога седнуваат да го јадат рекламниот колач овие три медиуми во Хрватска буквално не можат да изедат повеќе отколку што јадат сега. Ако на ХТВ му забранат да јаде (а се надевам дека тоа ќе се случи) не значи дека другите одеднаш ќе имаат поголем желудник да можат да сварат повеќе колач. Не. Представниците на огласувачите ќе ги видат новите тарифи кои РТЛ и Нова имаат намера да ги наметнат за секунда ТВ реклама и ќе свртат два телефона, ќе ручаат со 2-3 министра, ќе направат ОјлеДојле Медиа Гроуп и ќе си формираат своја телевизија.

    Таа ОјлеДојле ТВ ќе ги сруши новите напумпани цени и на ХТВ ќе гледаме ефтина, ушпарана програма, на другите три ќе гледаме реални шоуа или сапуници; место две во ударен термин, ќе бидат три.

  2. Solza

    Искрено речено, ја истражував малку оваа тема и можам да кажам дека Хрватска не е прва и дека вакви закони се најнови "трендови" во Европа. Во моментов ваков закон бутка и Саркози во Франција за Television Francais и Запатеро во Шпанија за тамошната TVE. Има две спротивставени мислења. Првото мислење е дека оваа идеја е десничарска, поради тоа што ќе им овозможи на приватните телевизии огромни дополнителни приходи(на пример, Саркози е многу близок со повеќе медиумски тајкуни во Франција). Вториот став е радикално спротивен, бидејќи се смета дека е ова социјалистичка идеја, која јавните сервиси ќе ги претвори налик на системите како што се железницата или полицијата. Уште повеќе, се смета дека дополнителните даноци за телекомуникациските компании, корисниците на интернет услуги и приватните телевизии ќе придонесе за поголемо незадоволство кај приватниот сектор.

    Сепак, сметам дека загарантираниот буџет на јавниот сервис ќе значи дополнителен чекор кон збогатување на програмата на овој канал, независност на информативните програми од приватниот сектор, поголем квалитет на програмата, но прашање е дали ваквиот вид на финансирање ќе ги стави овие медиуми под капата на државните органи, што би било лошо.

    Во моментов, ваков закон во Македонија би значел само уште поголема хајка на приватните медиуми против Македонската телевизија. Впрочем, во Македонија не постои никаков модел за финансирање на јавниот сервис. Владата дава пари единствено за плати на вработените, а со тоа на никој во МРТВ не му е гајле за евентуална подготовка на годишен план за програмски остварувања. Со ова, прв пат во историјата, МТВ е поставена како државен орган, во кој се рекламираат бесплатно владините институции. Раководните органи со преку 30 членови се испокарани едни со други, а Законот за радиодифузна дејност не се почитува.

    Сметам дека во првата фаза од обновата на МРТВ е потребно да се обезбедат финансиски средства од буџетот на земјава, без воведување на даноци кон приватните телевизии, да се заокружи фонд со кој ќе се исплатат платите, етапно ќе се исплаќаат долговите, ќе се вложи во домашна продукција и купување или размена на странска продукција. За сето ова, во моментов нема волја!

  3. Бранка

    Браво Марјан, одлична анализа!

    Токму затоа програмите на македонските телевизии ште такви какви што се…

  4. Бранка

    Истото и за коментарот на Солза важи, извини што не пишав одма 🙂

  5. sead93

    Fala vi za diskusijata i spodeluvanjeto na mislenjata,, odlicna argumentacija na temava,,,pozdrav.

Коментарите се затворени.