Post Festum

Бидна и помина. Како што, па конференцијата „Information Society and its Impact on the Youth Media“ :)

Моите лични впечатоци се „позитивистички“ (што би рекле некои министри :) со некои фусноти, за нив подоцна.

Официјалниот конференциски „аргат“ на „Центарот за нови медиуми“ да ги стави онлајн материјалите од конференцијата е Мите, па јас во меѓувреме да искористам само дел од тие материјали, кои подоцна во комплетна форма ќе бидат достапни на сајтот на Центарот.

Отворањето, а подоцна и други делови ќе одат на Блип-ТВ (не е баш Николина Спасова Миравци, ама ќе послужи :)

Мојата презентација која одеше во комбинација со воведот на Мите за сајтовите за социјално вмрежување беше следнава:

Инаку конференцијата беше прилично интересна, динамична и корисна и за следење и за учество во дискусиите. Плени секако енергијата на помладите генерации кои на волонтерска или ентизијастичка основа во голема мера придонесуваат за онлајн комуницирањето, новинарството и така натаму.

Втора забележлива работа беше колку различни култури, а пропо учесниците, денес лесно наоѓаат заеднички јазик и комуницираат. Владеењето и на јазикот на новите медиуми и на англискиот како лингва франка на нашето доба исто беше импресивно :)

Добро, да не идеализирам премногу :) имаше и дескриптивни сесии и презентации, дел беа интересни, дел не, но тоа е тоа, понекогаш повторувањето на дефиниците што е интернет :) не е лошо.

За време на дискусијата по презентацијата која ја имавме јас и Мите, имаше интересни муабети и коментари. Интересно ми беше како помладите сурфери се прилично енергични да го бранат своето мислење, но бев разочаран од степенот на аргументираност за ставовите кои ги изнесуваат. Некако зборуваш и изнесуваш 15 аргументи за својата теза, и потоа се јавува некој и ти вели „јас не се согласувам, у ствари мислам дека ова нема врска затоа што јас кога сурфам..“, и така во тој стил :) Фактот што некој не се согласува со вас, ниту ја потврдува ниту ја негира твојата теза, се додека не изнесе уверливи докази кои публиката и дискусијата ќе ја наведат на таа страна. Еден пример не чини правило, но ете и тоа е дел од макотрпноста на дискутирањето и барање на смисла во реалноста која ја споделуваме. Дебатата продолжува :) но некако за жал критериумите за тврдења за познавање на на некои генерални теми паѓаат, но тоа е тоа.

Чинам дека помладите генерации, кај кои интернетот е прилично оприроден дел од стварноста, немаат доволно критичка дистанца кон негативните страни кои демнеат од него. УГи користат и уживаат во позитивните страни, како и ние повозрасните, но кога ќе се спомне дека „каузите на Фејсбук во поголема мера се тралалала симулации на активизам“, ух, нема шанси да се согласат.
Токму затоа дебатирањето и ваквите собири се навистина потребни и крајно корисни.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Academic, Citizen Media, Media, New Media, Technology and tagged , . Bookmark the permalink.

Коментирај!