Избор на медиум со најголем придонес

(OneWorld.net) Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) најавија дека од денеска почнува изборот на медиум што во 2006 година дал најголем придонес за развојот на граѓанското општество.

Изборот почнува денеска, а ќе трае до 10 декември. Добитникот на наградата ке биде објавен кон крајот на годината. Можност за гласање имаат сите регистрирани невладини организации во земјава, фондации или канцеларии на странски организации.

„Нашата цел е да ја зајакнеме улогата на НВО секторот и да го изедначиме неговото ниво со она на политичките и бизнис елити”, рече проект координаторот во МИМ Михајло Лахтов на денешната прес-конференција.

Линк1: Izbor na medium so najgolem pridones za razvojot na gragjanskoto opstestvo vo 2006 (OneWorld.net)
Линк2: Избор на медиум кој во 2006 даде најголем придонес за развојот на граѓанското општество (МИМ)
Линк3: Изборот на медиум 2006 со најголем придонес за развојот на граѓанското општество (НВО Инфоцентар)

Се надевам дека оваа иницијатива ќе донесе позитивни резултати во процесот на зближување на паралелните светови.

Technorati Tags: , , , , , , , , ,


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Media, Society. Bookmark the permalink.

4 коментари на "Избор на медиум со најголем придонес"

Коментирај!