Media & Marketing Blog

Компјутерите во училиштата служат за……

Одлична дискусија се развила на Кајмакот инспирирана од еден текст објавен на Утрински. Темата е веќе позната и верглана. Компјутерите во училиштата од владиниот проект Компјутер за секое дете. Немам намера да дополнувам многу за тоа што се случува со нив бидејќи има доста ставови и факти на таа тема. Она што мене ми падна во очи читајќи го тексотот во Утрински беше умножувањето на изворите и нивно воопштување и генерализирање. Не е нова практика, константно се повторува само сега ми дојде убав пример.

Сликата е преземена од тука

Како оди тоа?

Во првиот пасос од текстот што (веројатно) е и најчитан, било тоа да е во печатеното или електронското издание има ваков дел:

Новите компјутери кои беа инсталирани во средните училишта како дел од проектот „Компјутер за секое дете“ наместо за наставни содржини, се користат за сурфање на Интернет, тврдат првите луѓе на средните училишта

Значи ова го тврдат сите први луѓе во сите средни училишта во Македонија а? Или добро ајде не мора сите ама повеќето така? Човек ќе помисли дека изворот е некој синдикат, здружение или барем дека инфомацијата доаѓа после некоја расправа, тркалезна маса или конференција на која се собрале првите луѓе на средните училишта.

Одговорот не е точен.

Еве врз основа на каков извор е извлечена ова информација:

Средните училишта годинава добија компјутери како дел од проектот „Компјутер за секое дете“, но тие, како што посочуваат директорите, се неупотребливи, иако раководниот кадар во училиштата се плаши отворено да зборува за проблемите со кои се соочуваат.

„Програмата според која работат компјутерите е ’линукс‘, но него не го познаваат ни наставниците, а ни учениците кои им дозволуваме да сурфаат на Интернет колку за да не стојат мртви машините. Ни најавија дека ќе ни ги сменат и клупите кои не се наменети за овие компјутери и кои се претесни за машините, па децата немаат каде да ги стават и тетратките на кои запишуваат“, вели директорот на едно скопско училиште, кој инсистираше да остане анонимен.

Ај што е неписмен, Линукс не програма туку оперативен систем, туку и сакал да остане анонимен, и е еден не се повеќе. Хм. Добро. Но за бељата да биде поголема во тексот што следува нема ни трага ни глас од анонимниот прв човек на соодветното средно училиште. Текстот се префрла повеќе на останатите активности во доменот на темата образовани во Македонија и нема ништо повеќе за тоа. Тажно.

За воља на вистината на темава има и дискусии меѓу самите ученици кои секој ден седат зад (или пред) овие компјутери. Зошто новинарката не помислила да разгледа што се дискутира наоколу не знам, т.е. знам ама тоа е друга, долга тема 🙂

2 коментари на “Компјутерите во училиштата служат за……”

  1. elena

    Супер ти е текстов Дарко, интересна е и дискусијата…ама овој дел од несреќната изјава ми е толку смешен…

    ,,Ни најавија дека ќе ни ги сменат и клупите кои не се наменети за овие компјутери и кои се претесни за машините, па децата немаат каде да ги стават и тетратките на кои запишуваат,,…

    Не да ги сменат оти се 100 години стари и оти и јас и ќерка ми на иста клупа ќе пишуваме, туку да ги сменат дека се претесни па нема тетратчето златно каде да се стави 🙂 Компјутерот за сурфање, а рачето за пишување у тетратче!

    Поздрав!

Коментарите се затворени.