Media & Marketing Blog

Што се крие зад квалитетната програма на МТВ

Пред некој ден со @sead93 во кратка чет конверзација се обидивме да одговориме на неколку прашања поврзани со скорешните промени на МТВ. Повеќе прашања се отворија низ муабетот за да на крај на истиот да излеземе со некои претпоставки. Дали воопшто нешто од ова е во вистинска насока, не знаеме, но мислевме дека е ОК да ги споделиме размислувањата, па да чуеме и други на истата тема, секако важна.

Значи генералното прашање е зошто МТВ троши толку пари за нови хит серии (кога велам хит не мислам на турски и сл.) и филмови?

1. Рејтингот и гледаноста да се качат, по секоја цена,
2. Да се наведат гледачите и на гледање вести
3. Обид да се „приберат“ гледачите кои се откажаа од гледање на локалните ТВ станици.
4. Собирање политички заслуги за „успешни реформи на јавниот сервис“
5. Влијание за подигање на квалитетот на програмите кои ги нудат и другите ТВ станици („локомотива ефект“).
6. Намалување на влијанието, читај гледаноста, на Сител и компанија, за да се намали подоцна ризикот од промена на политичките позиции и сл.

Секако стои отворена дилемата која укажува на фактот дека, на пример, The Big Bang Theory, CSI, Boston Legal, Gossip Girl и сл. не носат преголема гледаност, сепак тие таргетираат помал дел од популацијата. Но, во исто време програмската шема потсетува малку и на А1, онаа од нејзините  најдобри денови, тако што се наметнува прашањето дали МТВ се обидува да ја пополни дупката која се напрви со затворањето на А1?

Сеад вели: Мислам дека со краток здив е, ќе испукаат пари, ќе имаат така-така ефект и што потоа? Мислам дека (за МРТВ) финансиски е тешко одржлива ваква програмска шема на подолг рок…

Како и да е, и двајцата сме сложни дека инвестирањето во квалитетна содржина е позитивен потег и не го пишуваме ова за да хејтаме или сл. туку напротив да увидиме дали е добронамерен, одржлив и јавно корисен. Ние ќе следиме како ќе се развива целава приказна и до кога ќе трае. А во меѓувреме може да си кажеш ти која е твојата реакција на овој потег на МТВ? Дали (ќе) гледаш МТВ повеќе сега?

39 коментари на “Што се крие зад квалитетната програма на МТВ”

  1. sstojanoski

    мислам дека МТВ има изгубено премногу од гледаност за било што од ова да и помогне долгорочно, а од друга страна нема ни публика за овие серии, затоа што тие што ги гледаат веќе ги изгледале со помош на торенти нели, а јас веќе и од торенти не ги гледам, сите се исти.

    а супер е што човек ќе може да налета на ваква програма на нашите телевизии, дури и А1 немаше вака добра програма, со исклучок на ЛОСТ кој и не им беше така гледан, немаја нешто поинтересно. Всушност ЛОСТ на А1 отсликува колку луѓето се заинтересирани за квалитетна програма.

  2. Anonymous

    Jedna lasta ne čini proleće. Најдете кај Цепенков како е нашата поговорка. Нејсе, сериите колку и да се добри, нема да привлечат фанови – сите што сакале да ги гледаат веќе ги гледале, па сигурно нема по вторпат да ги гледаат. Зошто не е земен примерот на HTV1? Квалитетна домашна програма. Може и да се странски формати (половичен потег е Dancing with the stars).

    А1 беше добра кога имаше блок пред и после Милионер. Публиката го гледаше Сопрано затоа што беше залепен одма на Милионер, па рекламите почнуваа после воведот во епизодата.

    Локални содржини. ТОЧКА. Комерцијалните телевизии нека бараат чаре во странски серии, ама МТВ1 мора да даде нешто што го нема никаде. Па наши пари трошат, зошто на ЦСИ и сл. (нека плати Бонукс за тоа).

    Ниту гледам ниту ќе гледам жива телевизија. Значи, мораат и сѐ да ставаат на веб за да имам воопшто интерес 🙂

  3. Јована

    Не, нема да гледам никаква телевизија, какви сакаат серии и шоуа нека сакаат да донесат. Поготово не МТВ. И дури сите не ги исклучиме телевизорите, ќе ни се случува она што ни се случува.

  4. ribaro

    анкета молам, за мрзи да коментатори:)

  5. sema

    Не мислам дека сакаат да кренат рејтинг со новите срии, нема шанси да ги соборат труските серии, што говори само по себе за вкусот на народот, повеќе е во прашање некакво поправање на генералната слика за таа куќа. Интересно е како сета таа акција на поправање имиџ, ја спроведуваат луѓе од А1, затоа и сега мтв толку многу потсеќа на најдобрата сезона на А1. И да, тоа ќе биде една од причините поради која одвреме- навреме, ќе гледам мтв, но нема шанси да им ги гледам оние ступидни емисии за големата античка македонија, како и дебатните емисии, тоа е тотален промашај.

  6. ana

    Вчера го прочитав вашиот пост, денес читам во фокус дека мтв ќе фрли, да баш ќе фрли во вода околу пеесет илјади евра за да се реклами. Е, МТВ, МТВ, знаеш што е најдобра реклама: Сега да снимите една вистинска серија ала Кога лисјата паѓаа, значи не Турни ме да книсам серија, што беше вистински промашај. И ќе дојде денот кога никој нема да гледа Бурни времиња туку сите ќе чекаат да почне серијата која се однесува токму на нивните =ивотни/ поднебје. И да срамно е да се тошат мои пари за реклами и ЦСиња, како што рече Киро Велковски за нив треба Бонукс да плати. Они не се Сител, ни А1, не знам зошто упорно се обидуваат да бидат нешто што не ни треба да бидат. Но, тоа е. Очигледно повторно донесени некои полуписмени амбициозни дечиња.

  7. Vasko

    Ги читам погоре постовите и забележувам исто плукање како за се за што се има обиди да се подигне од правта и жабпкречината што ги има опфатено во овие дваесетина години. Како вработен во мтв веќе 14 год сакам да ви појаснам нешто; прво во телевизијата конечно се збори (поготово помеѓу вистинските професионалци) дека конечно дојде менаџерски тим што знае што прави. Има нов елан и позитивна клима. Второ сериите од странска продукција се со единствена причина да се понуди и нешто друго на гледачите освен турски серии, кои впрочем се и далеку поскапи од холивудскиве (тоа за оние кои мислат дека се фрлаат огромни пари) се до моментот додека не се стабилизираат редовите за квалитетна домашна продукција (иако колку што се слуша ќе има и игор џамбазов шоу, живкица опра шоу, танц со ѕвездите). Никој не го спомна спортот и почетокот на преноси на домашно фудбаалско првенство. И ве молам еден Горан петревски не ја прави мтв слична на а1. Ние си знаеме кој колку и што работи а тоа со а1 деградирачки делува. На сите ни ејасно дека преку ноќ не може да се оправи она што многу "експерти" како Стошичка го рушеа. Барем сега вецињата се средуваат ( иакореално малку споро тече).

    • sema

      Vasko za prv pat se sluchi edno pozitvno neshto so mtv, taa pochan da go reklamira ona shto go ima- t.e ke go ima na programa vo novata sezona-ili kako shto sakate da kazete: ovaa esen. Ne i e prv pat na mtv da kupi skapi filmovi i serii, vo godinite prethodno toa go imame videno, no nikogash vaka agresivna kampanja nemate isturkano, da i ova se gleda deka e na muskuli, no mora da priznaesh deka se gleda deka toa e neshto shto go imashe a1 i gledachite sega go prepoznavaat i na mtv, ne velam deka toa e negativno, naprotiv, sekoja tv vo 21 vek raboti na toj nachin. Tie trejleri verojatno ne gi pravi Goran Petrevski? Nie do sega ne go ni vidovme na ekran, taka shto ne ja prepoznavame po nego a1 vo mtv, tuku vo samiot izbor na seriite, filmvoite, vo nachinot na reklamiranje, vo stavot koj sega mtv go prezentira na ekranite. Sega dali mtv konechno se opametila i nashala vistinski luge za da ja zavrshat taa rabota, ili nachula neshto od drugite tv, toa ti najdobro znaesh. I ne mi e jasno kako moze da deluva degradirchki sporedbata so najdobrata tv vo mk, ili samoto prepoznavanje na nea vo mtv…

  8. синиша

    По мене се е политика и нормално бизнис, холивудските серии чинат повеќе од турски серии и еве можност некој убаво да заработи нели, вториот мотив е да се покаже дека се работи нешто квалитетно, демек не е се популизам (турски серии), реално повторно нема да имаме квалитет (кој тоа вели дека менаџерскиот тим е добар) да не е избран на конкурс, да не е даден некаков предлог план со буџет и кој тоа квалитетни новинари се примени (се е на база на политика + вовлекување). На крај се се сведува на класичен ПР како и секогаш, демек нешто се работи и види тоа што правиме, а не се влегува во суштината на проблемот. И за крај ја некам да плаќам такса, а ако морам тогаш не сакам да гледам реклами. Кај е тука бизнис моделот

  9. meto

    Hm, bez razlika koi se nivnite prichini za promenive vo progrmata na mtv, neshto mi kazuva deka od site televizii kaj nas verojatno samo na nea bi svrtel od vreme-navreme za nekoja epizodichka ili filmche. A najmnogu poradi toa shto mi fali ovoj tip na programa, koja a1 ja imashe vo najdobrite godini, pred da ne zatrujat so ova turskive sapunajrii. I sega koj ne saka pak da ja ima a1 vo bilo koja forma, pa duri i preku mtv, mnogu mi e gajle za politika, sakam na mira da izgledam neshto dobro a shto ne e nadsinhronizirano i bez plachenje.

  10. sead93

    Фала за одличните и интересните коментари. Се сложувам со оној дел дека за сега нема шанси да ја соборат гледаноста на „сапуниците“ и сродните програми, но веројатно тоа не е ни цел. На проектов гледам како на обид да се постави алтернатива на ефтините и многу неквалитетни (да не кажам шунд) програми, што само по себе е чекор за почит. Сомнежот ми останува во делот како ќе се „средуе“ информативната програма и дали ќе остане само на форма, наречена ново гооолемо студио, или стварно ќе стане нормална програма за еден балансиран јавен сервис. Некако ако тоа се постави на здрава нога, потоа забавно-филмскиот дел ќе се вклопи лесно. Морам да признам дека сум сомничав за овој дел, но би сакал да бидам јалнаш, ептен.

  11. Bad credit payday loans lenders

    ltpyplpnvojlbdjj, Order dapoxetine online, uTHTsRu, [url=http://www.tradersoup.com/]Dapoxetine trial pack[/url], inwHlut, http://www.tradersoup.com/ Dadha pharma filagra dapoxetine, rIXeTuq, Successful ppi claims, LMVnrxK, [url=http://ppiclaimssolutions.co.uk/]Mis sold ppi claims[/url], LUuIbnp, http://ppiclaimssolutions.co.uk/ PPI Claims, tNivMyY, Propecia, wRNLaoK, [url=http://longerpropecia.com/]Propecia[/url], wxOESDs, http://longerpropecia.com/ Propecia, TUeLfQS, Maxoderm, zWtxTxl, [url=http://maxodermexplained.com/]Maxoderm[/url], zpRFWGA, http://maxodermexplained.com/ Maxoderm muscle, MwcEIMn, Anti Aging, SOTTcVM, [url=http://tranceemotions.com/]Anti Aging[/url], zVezDBg, http://tranceemotions.com/ Anti Aging, VRoUXCk, Why cant i get a payday loan, VYaHsri, [url=http://paydayloanstool.com/]Payday loan utah[/url], GvvdDsK, http://paydayloanstool.com/ Sun valley payday loan, ZONIMTJ.

  12. No fax payday loans

    xgmislpnvojlbdjj, Payday Loan, QwGLUBQ, [url =http://paydayloanslesson.com/]Payday Loan[/url], MUwIjNL, http://paydayloanslesson.com/ The canadian payday loan association, WXrBjDg, online poker, aRavrAy, [url =http://onlinepokercodex.com/]Free online multiplayer lowball poker games[/url], JTKmFhO, http://onlinepokercodex.com/ online poker, FvbHzCL, Electronic Cigarette, mCGsdsX, [url =http://electroniccigaretteusers.com/]Who makes the best electronic cigarette[/url], zypEuBo, http://electroniccigaretteusers.com/ Electronic cigarette copd, MiwpceW, Iowa payday loan laws, wyeWDSe, [url =http://paydayloanstricks.com/]Payday Loans[/url], WtxHkcL, http://paydayloanstricks.com/ Payday Loan, vBJBEGc, Micro electronic cigarette, AHJPaRW, [url =http://electroniccigarettediscussion.com/]Electronic Cigarette[/url], PCNDHob, http://electroniccigarettediscussion.com/ Electronic cigarette silver case, eGQFyEM, Debt consolidation services, RKQEkiz, [url =http://debtconsolidationwiki.com/]Debt consolidation mortgage loans illinois[/url], DGtSSXt, http://debtconsolidationwiki.com/ Debt Consolidation, OZyAlfR.

Коментарите се затворени.