Media & Marketing Blog

Тест на Google Blog Search

Веќе сите знаат дека Google има пребарувач на блогови. Многу веб-страници веќе стигнаа и да напишат критики, пофалби и тесторања за него. (линк 1, линк2, линк 3, линкк 4 и.т.н.)
Јас решив по неколку прочитани текстови да пробам како мене ќе ме служи овој пребарувач. И по неколку успешни обиди наидов на еден проблем кој како прашање го поставуваат неколку други “истражувачи“.

How Google distinguishes a blog feed from a mainstream news feed is unknown to me? (Линк 1)

При едно пребарување прв на листата со резултати ми се појави една македонска интернет страница којадефинитивно не е блог. Клучниот збор беше “дневен весник“. Во резултаите ми се појави напис од станицата на Макфакс.

Интересно?!?