Media & Marketing Blog

Blogs and Community – launching a new paradigm for online community

Максимално прилагодено кон новите медиуми, е-магазинот The Knowledge Tree (E-journal of Learning and Innovation) своето единаесетто издание го посвети на блоговите и онлајн заедниците.

Во The Knowledge Tree – Going Communal Edition 11, носечкиот текст е на Nancy White со наслов: Blogs and Community – launching a new paradigm for online community?

Ова издание е достапно во форма на блог-пост, во форма на word документ и како pdf. А згора на тоа авторката има направено и подкаст од истиот текст. Сите овие форми можете да ги најдете на пермалинкот на овој пост: Blogs and Community – launching a new paradigm for online community?

Комплетниот pdf документ од 11. издание на The Knowledge Tree можете да го преземете тука: The Knowledge Tree – Going Communal Edition 11 (pdf 660 KB)

Јас го преслушав подкастот читајќи го текстот, или обратно. Но во секој случај одличен текст и одличен подкаст. Крајно препорачливо.