Media & Marketing Blog

Murdoch desperate to catch up in the internet race

Едноставно човекот не е научен некој друг да раководи со медиумите!
А што би можел да прави кога овие “новиве“ не му одат? Па не сме сеуште сигурно дали не му одат или само касни малку зад другите. По претходните објави (блог-пост1, блог-пост2) дека тој купува добро ситуирани онлајн фирми, следува уште една. Тој преку својата корпорација, која патем за потсетување меѓу останатите ги поседува: Thimes, the Sun, the New York Post, Twenty Century Fox и Fox Broadcasting, од пред неколку дена ја поседува и компанијата IGN Entertainment, веб-страница посветена на игри и забава. А уште неколку дена пред тоа стана сопственик и на Scout.com (над 200 спортски веб-страници). Со зделките кои ги направи оваа корпорација воведе ново значење на зборот е-комерција. Таа последниве седум недели потрошила скоро 1,5 милиони долари на три интернет компании.

Се разбира тој со овие потези се обидува, да стане еднакво моќен и во онлајн медиа бизнисот. Внатрешни информации, демек тајно им соопштиле на некој американски медиуми дека мисијата која ја спроведуваат е наречена “Entertaiment Google“
a one stop shop for all those looking for computer games, movies, music or chat online

Колку овој стар лисец ќе успее би требало да видиме веќе во следните финансиски извештаи.

Извори: The New York Times, The Guardian