Media & Marketing Blog

#2 Преглед во петок

И како што се договоривме (ние сме дечки од збор), денес одиме со втора рунда на преглед во петок.

Оваа недела го проширивме спектарот на линкови и расправавме за многу интересни теми, па ајде да започнеме.

  1. iPhone X и Black Mirror. Го стартуваме овој преглед со ‘најжешката’ вест оваа недела. До денес веќе сигурно прочитавте дека во вторникот Apple Inc. го лансираше новиот iPhone X. Една од најинтересните работи за телефонот е дека новата карактеристика Animojis е инспирирана од серијата Black Mirror.
  2. Подолги твитови? Рестрикцијата на карактери што ја има Твитер честопати била тема на разговор помеѓу корисниците на Твитер, па дури и помеѓу оние што не го користат. Во последно време е повторно тема на разговор, заедно со други функции кои корисниците би сакале да ги видат. Дали ‘Tweetstorm’ ќе биде една од нив?
  3. Машка доминација во Bitcoin заедницата. Во свет на еднаквост и рамноправност, дечково зборува за фактот дека луѓето кои ја користат криптовалутата Bitcoin се 95% мажи. Потоа дава 5 (многу интересни за читање) причини зошто е тоа така.
  4. Facebook Ads in 2017. Оваа социјална мрежа станува се поактуелна, а со тоа и нејзините реклами. Ако имаш бизнис пејџ на Фејсбук или едноставно те интересира Фејсбук рекламирање, погледни го овој YouTube tutorial кој концизно зборува на темата.
  5. Дигитален маркетинг во автомобил. Чекај, што? Adobe Systems Inc. ги сакаат вашите автомобили! Таргетирани реклами на радио и на апликации за стримање музика додека возиш. Ова се добри вести за маркетерите, но што би рекле возачите?
  6. По тебе, кај што газиш мојот AI програм тракува. Зборувавме во претходниот преглед за тоа како Facebook не изучува, но ајде да зборуваме општо за рекламирање според локација. The Drum, во соработка со Verve, направија уште една серија на Everything You Need to Know (EYNTK), овој пат за рекламирање според локација. Сакаш кликови на рекламата? Рекламирање според локација му е мајката!
  7. AI vs. Digital Marketing. Е, уште нешто за AI. AI сеуште се смета дека е во своите почетни фази, а сепак има големо влијание врз секоја индустрија, па така и врз дигиталниот маркетинг. Прашање на денот – дали AI во дигиталниот маркетинг е благослов или клетва?
  8. Падна маската. На нашиве протести не се практикува носење на маски, но затоа пак во САД на пример маската од филмот ‘V for Vendetta’ е задолжителен аксесоар кога се оди на политички протест. Со помош на технологијата за препознавање на лице, истражувачите велат дека сме блиску до идентификување на лица и покрај маските кои ги носат.
  9. Дигитални вештини кај најмалите. Во овој дигитален свет не е спорен фактот дека и децата се дел од него. Прочитајте ја оваа статија за 8 дигитални вештини кои им се потребни на децата и план за како да ги едуцираме за истите.
  10. За крај, трендови во дигиталниот маркетинг во 2018та. Најголемиот предизвик од работењето во сферата на дигиталниот маркетинг е постојано да сме во тек со она што се случува во моментот. Од маркетинг на социјалните мрежи до маркетинг во физички продавници, погледнете што не чека во претстојната година. Како ќе ги искористите овие информации, останува на вас.

Бонус (промо) линк: Brainster курс – Курс за Google AdWords

Прати ни некој корисен линк во порака на FB ако мислиш дека треба да се најде на овие листи и да му биде од корист на некој друг.

Се читаме следниот петок.