Media & Marketing Blog

Социјални мрежи: едни не знаат што е тоа, на други им здосадуваат

Последните комерцијални истражувања на тема социјални мрежи укажуваат на неколку глобални трендови кога е во прашање популарноста на илјадниците социјални мрежи ширум мрежава.

Според последното истражување на Synovate спроведено во Јуни, објавено на почетокот на септември, 58% од испитаниците во 17 земји (13,000 испитаници) не знаат што се тоа социјални мрежи. Од оние кој знаат 26% од вкупниот број испитаници се дел од некоја мрежа, а земја од каде овој процент е највисок е Холандија со 49%.

Од друга страна пак од оние кои и се дел од овие сервиси дури на 36% им се здосадени. Се разбира нема потреба да се наведува дека според старосните групи најактивна во овој поглед e младта популација.

Се разбира, вакви комерцијани истражувања се прават за комерцијални потреби, па оттаму и ваквите коемнтари и заклучоци на спрведувачите на истражувањево:

Assuming you have determined that many of your target market are, indeed, social networkers and you know where they can be found, is it worth getting your brand online? Steve Garton says an emphatic ‘yes’, but do it quietly…

“These strategies work best when the brand listens to social networkers, insinuating the product or service into lots of quiet conversations. One example is BMW on Facebook, where people can drive the car themselves and invite their friends… virtually of course. Synovate

Вчера повторно видов рекалам за  Т-Home на Facebook. Да, има македонци таму и претпоставувам дека тоа е соодветната група која ја бркаат. Исто така се надевам дека повторното пуштање на рекламa значи дека имале позитивен исход од првата, и дека ова се должи на некоја осмислена стратегија а не на стихијна одлука. Се надевам на ова секако, за да може во иднина да видиме повеќе локални реклами, прво воопшто на интернет, потоа на социјалните мрежи и секако во форма на контекстуално рекламирање.