Media & Marketing Blog

Интернет Маркетинг Блог – eMarketing.komunikacii.net

Наоружајте се со упорност, трпеливост и време и бидете спремни со напорна работа да ја зголемите видливоста на својот бизнис. И секако навраќајте почесто на овој блог 🙂 или најдобро претплатете се на нашиот RSS фид или внесете го вашиот меил во оваа форма и добивајте го секој нов пост во вашето сандаче. Така може ќе ве дадеме некоја добра идеа, ќе ви скратиме во време или ќе ви помогнеме да бидете поуспешни на Интернет.

Малку сум зафатен деновиве околу организацијата на Glocal: Inside Social Media (утре ќе ја има програмата на нет), па затоа не успеав на време да спроведам уште еден план зацртан за почеток на септември. План на кој, може и без да е многу свесна, ме измотивира Нате. И што да прави таа… ни крива ни должна… и нафрлив неколку идеи и толку и требаше. Се договоривме. Правиме блог!

И направивме Интернет Маркетинг Блог. Стварно, не лажам. Го крчкаме веќе два-три месеци, и конечно (за малку ќе беше роденденски подарок) ете го јавен: http://eMarketing.komunikacii.net

Ќе пишува Наталија и ќе пишувам и јас. Ќе бидеме редовни и ќе се обидеме да отвориме теми кои локално се докажале како атрактивни. Доста е муабет, Нате беше вредна па стави неколку постови за да не зјае на почеток празен блогот. Трк таму и не заборавајте да се претплатите RSS фид-от или внесете го вашиот меил во оваа форма и добивајте го секој нов пост во вашето сандаче. Сакале или не, ние ќе труеме наоколу со линкови 😛

p.s. и да не остане неодбележано. го сменивме дизајнот на овој блог. не сум сигурен дали е легнат како што треба, ако забележиш нешто што не штима, слободно посочи. фала.

3 коментари на “Интернет Маркетинг Блог – eMarketing.komunikacii.net”

  1. Baju Bayi

    Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is great, as well as the content!. Thanks For Your article about Интернет Маркетинг Блог – eMarketing.komunikacii.net | К О Ðœ У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.