Media & Marketing Blog

Комкаст #01 [видео]

После голема пауза и многу одлагања конечно се вартивме со нашиот #комкаст. Овој пат со доста промени. Прво и основно сменет е форматот, наместо аудио сега одиме видео. Второ наместо тим од три домаќини (јас, Сеад и Мите) сега сме двајца јас и Митко Цабевски.

Заради практични причини (од квалитетот воопшто не сме задоволни) решивме да користиме Google Hangouts, ако оваа опција се покаже како непрактична ќе бараме нова, сега за сега изгледа ОК. Темите, помалку или повеќе остануваат исти со можеби малку различна распределба. Значи коментираме за технологја, маркетинг и медиуми, се низ призма на дигиталниов свет. Да не должам повеќе, погледи ја првата епизода. Секоја критика, забелешка, пофалба или предлог се добредојдени.