Media & Marketing Blog

Пазете на главата

Зар не е срамота еден од македонските најголеми адвертајзери (Македонски телекомуникации) а воедно и компанија која најверојатно троши најмногу пари за креирање на рекламни кампањи да има толку непрофесионална кампања.

Забележете!! На билбордот кој го гледате на улиците дечкото има фластер на челото. Но, на видео рекламата тој се удира во тилот. Интересно, мислев дека најплатените професионалци внимаваат на детали бидејќи рекламата треба да биде перфектна и да биде одраз на услугата или компанијата која се рекламира.

Епа очигледно некој треба да си ја удри главата. Особено по новите реакции сврзани со ADSL услугите (линк)