Колку пари толку музика

Викендов во просториите на Метаморфозиз се случуваше преведувачки маратон. (линк) За овој подвиг деновиве можеше да се причита во скоро сите весици. За да го напишам овој пост ме испровоцира денешниот напис на оваа тема во дневниот весник Време.

Ова е линкот до текстот (линк). Па да почнам со ред:
- Како ли сакаме да ни напредува равојот на информатичкото општество кога весниците посветуваат толку малку внимание на овие теми (две колонки долу десно во весникот)
- Како ли може да се сфатат сериозно овие теми кога насловот е: Секој 20-ти граѓанин има компјутер и пристап до Интернет а текстот во најголема мера се однесува за маратонот.
- Како може да се добие некаква реална слика кога во текст од 10 реда (така е зборот) авторот има напишано се што во својот работен век чул за компјутерите и информатиката

Кога ќе се најдат луѓе доволно способни да ги расцепкаат овие две мали колони од овој напис, да состават саглам вест и да ја стават на место што и доликува, а притоа анализата на ситуацијата, ресурсите и можностите да ги остават за некоја следна подетална приказна тогаш би можеле да се надеваме дека сите ќе ги сфаќаме овие теми сериозно

Патем насловот стои и на насловната страница. Трагично


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in general. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Колку пари толку музика"

Коментирај!