Апел до АПЕММ

Веќе подолго време на фреквенциите на трите национални ТВ концесиониери одат наградните телефонски квизови во период од 13/14 до 15/16 часот. Колку што мене ми е познато ова е директно кршење на законот за радиодифузија според кој вакви програми се дозволени само по 17:00ч, не случајно за да се оневозможи злоупотребата кон децата при отсуство на нивните родители. Би сакал сега да ги видам оние трчи-плачковци од АПЕММ каков став имаат кон ваквите прекршувања на законот и што преземаат за да си ги дисциплинираат оние кои ги претставуваат, кога веќе толку законот, правото и правата им значат? О, не, па тогаш ако ги поместат квизовите ќе ги нарушат своите најпродавани периоди за вести! Нема да може, не, не. Па каде се тогаш тука почитуваните и драги гледачи кои ти им ги продаваат на спонзорите? Да, на споследно место, како и обично.

dsc00013.JPG

dsc00014.JPG

dsc00015.JPG


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local. Bookmark the permalink.

3 коментари на "Апел до АПЕММ"

Коментирај!