Media & Marketing Blog

Споделувањето е она што се брои

Во денешниве услови на општества каде доминира конзумеризмот веќе се воспоставни редовите по кои некои работи функционираат. Се разбира, доминантната улога на индивидуалците е да купуваат т.е. да трошат, нормално ова е низ призмата на стопанствениците де. Дилемите се отвараат кога ќе се постави прашањето како се донесуваат одлуките за избор на соодветен производ или услуга.Тука незаменлива улога има препораката. Постојат еден куп истражувања кои го докажуваат ова. Секој од нас за одредени работи си има стекнато доверба во одредена личност или група на личности и често одлуките ги донесува без многу размислување туку само по препорака. Да бидеме искрени и самата понуда често ве тера да не се замарате, туку да влезете во дуќан и да купите она што ќе ви фати око според некои не баш логични методи на проценка.

Како и да е. Муабетов е познат и немав намера да го дрвам за тоа, демек ко вовед го замислив. Муабетот ми е дека по истиот принцип во денешно време се донесуваат и одлуки при избор на политичката елита. А зошто би било тоа некако различно кога денес политиката и политичарите ги користат истите или слични алатки за промоција (читај продавање) како и производителите на прашок за перење. Промоцијата е пренесена на дискусии за финеси кои се често тотално небитни за политичката улога на потенцијалните властодржци. Ама пак ми забега муабетот. Друго ми беше зборот.

Интернет светов е досега најпогодното место каде може да се имплементираат вакви манифестации на препорачување. Уште од многу одамна (ова во интернет светот е пред повеќе од 5 години) на многу сајтови ги имаше оние копчиња за прати по имеил на пријател. Денес оваа практика е многу поразвиена и има цели сервиси кои го прават само тоа, служат како алатка за да проследите, препорачате некоја статија, вест, слика или видео до некој свој приајтел. Е ова е муабетот.

ShareThis е една од овие компании. Се наоѓа некаде при врвот (ако не и на самиот врв) во групата на ваквите алатки и нуди многу опции за вградување на трети сајтови со цел да овозожи брзо и лесно проследување, препорачување или споделување на некоја информација со помош на голем број трети сервиси кои пак во самото срце ја имаат оваа намена (кајмак.от, дигг итн). Е сеа…

Ужасно долг испадна постов. Да пресечам. Еве го спојувањето. Политика, споделување, препорачување и ShareThis:

Си смислиле момциве да направат листа со бројот на препорачани написи кои ги вклучуваат американските претседателски кандидати и нивните заменици. Листа ја обновуваат на секои два часа и на неа како што може да се види убедливо води тандемот McCain/Palin. Детали тука: Election 2008 Sharing Activity

Е сеа, ако се тргне по логиката за донесување на одлуки според препорачување и споделување може да се постави основно соменвање и во оваа работа. Но не може да се избрзува со заклучоци туку така зошто немаме поим кој тоа на кого препорачува. Што значи, еве убава статистика, уште една од многуте. Како и скоја друга служи за задоволување на старсти 🙂 и џилиткање.

Што мислиш има некоја релана вредност ваква статистика или не?

5 коментари на “Споделувањето е она што се брои”

  1. Новица

    А знаеш ли на пример колку се користат тие копчиња за споделување на овој блог?

  2. Darko Buldioski

    За жал не.

    Јас не го користам овој сервис. Користам Sociable plugin за WP, а тој не вади статистика.

  3. Miladin

    Јас ги користам на многу блогови кај што ќе ги сретнам 🙂 Ги наоѓам корисни, затоа што користам повеќе вакви сервиси – а за вас не знам.

  4. Darko Buldioski

    Јас зборувам за користење ама од другата страна како објавувач на содржина :).

    Инаку редовно, од сервисите за споделување го користам Del.icio.us Бидејќи немаат сите страници кои скам да ги запамрам вакво копче, јас ставив букарклет во мојот прелистувач и ептен често го стискам 🙂

  5. Miladin

    Па го користам и како објавувач, нормално 🙂

Коментарите се затворени.