Media & Marketing Blog

Во борба за млади читатели

Светската ”весникарска” индустрија, а богами и нашата, последниве неколку години сериозно е загрижена за својата иднина. Најголем дел од грижите секако им ги задава младата популација која не е нивна редовна публика. Напротив таа воопшто не е нивна публика. Во изминативе неколку години светските весникарски корпорации се обидувале, и се обидуваат да ја променат оваа ситуација на разни начини.

Делење на личните искуства сврзани со оваа тема изминатава недела се случуваше во Аргентина. Насловот на конференцијата беше: Newspapers win back young Readers во организација на Светската асоцијација на весници (WAN)

Како резиме на целата конференција ќе ви пренесам само една изјава

“No more excuses about the vehicle we have chosen to make our living,” said Marcelo Rech, Editor of the Zero Hora newspaper in southern Brazil. “The problem is not the newspaper as a medium – it’s in our heads. We need to constantly innovate and at times produce a true revolution in our products rather than be content with mere survival.”

Подетален опис на проблемите и можните решенија за овие проблеми може да се најдат во транскрипцијата од излагањата на оваа конференција (линк). Исто така еден одличен преглем на конференцијата има направено Anna-Maria Mende од EditorsWeblog.

Верувајте, вреди да се погледнат искуствата и идеите на другите, зошто и ние во Македонија го имаме проблемот со младата публика. А досега не сум воочил дека некој се обидел да делува посериозно за негово лоцирање и решавање.