Пирова победа

sizif1.gifКо-авторите на овој блог во Relax-иран разговор горе-долу се согласија дека троа непотребно се крена премногу прашина околу рекламата на „T-Mobile“. Се разбира, порастот на влијанието на македонските блогери, кое конечно и се рефлектираше во одлука на „Советот за радио дифузија“, е сосема позитивна работа, но се чини дека овој пат општата реакција беше преизнасилена, потрошена на погрешна тема и едноставно кажано дискутабилна. Сугерирањето на неколку постови дека скокот на ликот од рекламата од висока зграда може да поттикне директно имитирање кај помладите гледачи и некаква суицидалност како и подоцнежната реакција на Советот за Р.Д. се навистина несериозни. Додека оваа реклама ќе оди по 21ч и младите ќе бидат заштитени од неа, истите тие гледачи ќе видат едно седум-осум филмови со каскадерски сцени од Џет Ли и се уште жувијалниот Жан Клод Ван Дам и ќе мора тука да се соочат со поттикнатите каскадерски и суцидални пориви и нагони. Овие ликови, секако, се многу посугестибилни за децата од анонимецот од спомнатата реклама. За жал ваквите, навидум, победи на гласот на јавноста се само илузии дека нешто е постигнато и дека сме заштитиле од медиумските зли духови. Мене лично ми изгледа дека повеќе дебатата или реакцијата, свесно или несвесно, беше поттикната од желбата за дисциплинирање на една силна компанија, и генерирање на некаква престижност отколку што таа ќе смени нешто во поглед на моралноста на рекламите. Впрочем, видете ги неколкуте билборди низ градов со „Flunk me!“ производот. Не верувам дека некој ќе покрене акција против рекламава со млада девојка во сугестивна потклекнатост која ве повикува да ја намачкате. За крај само еден упатен текст на оваа тема од Cultsock.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in МБЗ - Local Blogosphere, Local, Marketing. Bookmark the permalink.

8 коментари на "Пирова победа"

Коментирај!