Капитал ”истражува”

Во четвртокот неделникот Капитал објави текст со налов ”Македонија е информативна септичка јама на Балканот”. Беше најавен на насловната страна, а тоа значи дека е главната тема на бројот. И навистина, авторите направиле ”истражување” во оваа сфера. Сепак и покрај лошиот дизајн (зборувам за печатеното издание) успеав да се снајдам некако низ текстот и да го прочитам детално.

За текстот како целина не би сакал да коментирам, сметам дека секој сам може да ја процени медиумската ситуација во која се наоѓа Македонија. Но би додал неколку коментари за неколку конкретни делови.

КАПИТАЛ: Секој Македонец поминува дури по седум часа пред телевизор, што е многу повеќе од европскиот стандард, кој е околу четири часа. Истражувањата на агенциите кои прават рејтинг на гледаност на телевизиските програми покажуваат дека најмногу гледаме латиноамерикански сапуници и вести (латиноамерикански скроени!?).

Седум часа од што? Денот, неделата, викендот, животот?

КАПИТАЛ: Социолошките анализи одат во правец дека тоа најмногу сакаме да го гледаме, бидејќи нема што друго да гледаме или навистина нашето културно ниво е толку ниско што ништо друго не ни прави мерак?

Кои социолошки анализи? Кој ги направил? Кога?

КАПИТАЛ: “Прво цените на рекламниот простор ги урна МТВ, а откако ослабе нејзината позиција, и се етаблираа А1 и Сител, на пазарот ни уфрлија два нови играчи, Канал 5 и Телма, со што ни беше нанесен голем удар”, вели Перушевски.
Од А1 и Сител велат дека ваквата состојба ги намалила цените за рекламирање што лошо се одразува на сите телевизии.
Стојменов пак обвинува дека А1 и Сител нудат ефтин рекламен простор само за да ги привлечат клиентите да се рекламираат на нивите телевизии.

Пазарното стопанисување познава и пазарно спогодување. Како можеа Мобимак и Космофон да се ”нагодат” за цената на импулсот, како во други бизнис сектори можеше да се направи договор за сами да не си ја закопаат секирата в грб? Иако за волја на вистината ножот в грд на другиот, а малку подоцна и сам на себе, е многу почеста практика кај нас.

КАПИТАЛ: “Се повеќе тие ги диктираат правилата на игра. Пари за реклама се даваат според рејтинзи кои кај нас се прават под не баш јасни услови. (Латас)

КАПИТАЛ: Првите луѓе на телевизиите, кои во своето работење треба да се раководат од овие истражувања, коментираат дека не им веруваат на овие рангирања. Некои од нив дури коментираат дека рејтинзите се местат. На пазарот наскоро треба да се појави нова агенција од ваков тип.

Јас досега во моето скромно набљудувачко искуство не сум сретнал личност во Македонија која има доверба во истражувањата на ”Стратеџик Маркетинг”. Што довело до ваквата ситуација не знам, но останува фактот дека практично не постои веродостојна листа на популарност

КАПИТАЛ: Андревски вели дека и онаа програма што се произведува, освен што содржински е слаба, има и низа системски слабости. Тоа според него делумно се должи на лошата финансиска состојба, но и на отсуството на идеја и лаичкиот пристап на луѓето во телевизиите.
Тој додава дека телевизиите не смеат да заборават дека освен информативниот карактер имаат и едукатвна улога, која сега е комплетно занемарена.

КАПИТАЛ: “Потребите на гледачите се сведени на желби и честитки со слика на славениците на екранот. Тоа за жал беше телевизиски тренд од пред дваесет години кој кај нас сe уште се применува”, додава Шопар.

Во изминатите години државата дозволуваше секој да отвори медиум под изговор дека пазарот ќе направи селекција. “Кај нас тоа не се случи, бидејќи очигледно е дека телевизиите не работат пазарно”, вели Шопар.

Потег на место. Авторите консултирале (интервјуирале) и стручни лица. И нормално тука текстот ја добива својата тежина.

На крај излегува дека ова истражување не понуди ништо ново, освен непрегледно графичко решение, и повторување на еден куп познати проблеми


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Капитал ”истражува”"

Коментирај!