Media & Marketing Blog

Accident

Подготвувајќи се за FEJS од пред некој викенд, потпрочитував некои списи и белешки за Пол Вирилио и ги протресував неговите клучни идеи и концепти за модерното технологизирано општество. Еден од поважните секако е неговиот мошне оригинален концепт за „accident“. Според него, „accident“ подразбира вграден системски потенцијал на некоја технологија да предизвикува проблеми сосема спротивни од својата намена:

Accidents have always fascinated me. It is the intellectual scapegoat of the technological; accident is diagnostic of technology. To invent the train is to invent derailment; to invent the ship is to invent the shipwreck. The ship that sinks says much more to me about technology than the ship that floats! Today the question of the accident arises with new technologies, like the image of the stock market crash on Wall Street.

Вакви концепти можат да бидат мошне корисни во доба кога толку многу се потпираме на технологијата, од секојдневниот забавен живот, до медицината и здравството. Девијациите на модерното технолошко доба се мошне важни за периферните глобални култури (каде изгледа припаѓаме и ние) бидејќи нам почесто ни се случуваат отколку на „лидерите на новиот свет“. Доказ? Еве еден од соседството, кое поинтензивно го следам во очи на Блогопен 🙂 Логички силогизам: ако има повеќе медиуми>повеќе информации, повеќе информации>пообразувани и порационални граѓани (ерго, поквалитетен јавен живот, рационални дебати за важни прашања, борба на аргументи, и.т.н). WROONG! Еве што се случува во „пракса“. Нашите соседи, како и нас, ги мачи едно „прозаично“ прашање деновиве: ниските температури. Проблем им е, како и нашиот, ладниот однос на нивната „Топлификација“ која од броење пари нема врме да ги вклучи радијаторите. И совесен новинар објавува информација за тоа.

Gradonačelnik Niša odlučio je da se ugleda na Vranje i predložio da se već sutra glasa o tome da „Gradska toplana“ odmah počne da greje. Za to vreme u Beogradu i širom Srbije đaci na časovima sede u jaknama, a bolesni se smrzavaju u čekaonicama domova zdravlja. U ivanjičkoj gimnaziji su zbog zime časove skratili na pola sata. Uprkos hladnoći, većina gradskih čelnika širom Srbije „spava“ i čeka da promena propisa o početku grejne sezone stigne sa republičkog nivoa. Već desetak dana živa u termometru je ispod 12. podeoka. Sudeći prema prognozama, tek malo toplije biće naredne nedelje. Iako su zbog gradskih propisa o početku grejne sezone radijatori širom Srbije i dalje ledeni, cene grejanja su porasle za osam do deset odsto. Prosta računica kaže da će građani dve nedelje „smrzavanja po propisima“ u proseku za „grejanje“ 60 kvadrata platiti oko 1.500 dinara.

И што се случува? Еве хајлатси од консеквентната дискусија:

Ljudi,ne znam kako je kod vas ,al u mom stanu je ledara!Sva sreća pa sam skinula sa tavana grejalicu,inače…zaledila bih se! Jasmina ( 23.Sep.2008 21:52 )

Dodji da te moja ljubav greje dragan ( 23.Sep.2008 21:54 )

Evo , samo što nisam krenula.:) Jasmina ( 23.Sep.2008 21:56 )

ajde kreci il se ja smrzoh  dragan ( 23.Sep.2008 21:56 )

Ja sam frigidna elza ( 23.Sep.2008 21:58 )

jel po celom telu? dragan ( 23.Sep.2008 21:59 )

Kreci i ti elza imam ja srce za obe dragan ( 23.Sep.2008 21:59 )

Sto nas ‘ovi’ poskidase  elza ( 23.Sep.2008 22:03 )

pA NEK SKIDAJU MENI NETREBA ODECA TREBATE MI VI dragan ( 23.Sep.2008 22:12 )

ma boli vas uvo, sto Srbija propada!!! Nikola ( 24.Sep.2008 00:07)

4 коментари на “Accident”

  1. Баждарџија

    Секс, само секс, ти сакаш само секс или како и да беше онаа песна од Тамара.

    Можноста за партиципација е неспорна, можноста за скоро неограничена комуникација исто така е неспорна, спорно е што произлегува од комуникацијата и учеството во истата.

    Равенката пофреквентна комуникација = рационална дебата од која произлегува резултат не е точна.

    Новите технолигии изгледаат дека се спремни за тоа, но очигледно сеуште не се!

    А може и да се сврти дебатава антрополошки па да го поставиме прашањето дали луѓето се спремни за ползување на новите технологии?

    Исто како што Русо не веруваше дека со закрепостен селанец може да градиш демократија, така се поставува и прашањето дали можеш да ја унапредуваш демократијата со технологија која ја користат луѓе што не ја разбираат.

    Создади граѓанин и ќе имаш се, во спротивно имаш роб.

    Вредно за дебата е и прашањето дали несоздавањето на граѓанин е намерно ползувано од центрите на моќ?

    Многу прашања, а не дадов ниту еден одговор. Еден одговор знам, новите технологии, сега за сега, ако не ја уназадуваат демократија тогаш со сигурност предизвикуваат стагнација.

    А стагнанација во свет кој што се случува во real time е еднаков на узадување.

  2. Darko Buldioski

    Поента на место Мите.

    Еве јас како дел од земјата на информатичари не можам да сфатам зошто ако сум од Ресен не можам да извадам документ во Скопје?

    Нели имаат сите компјутери и се е компјутеризирано? Нели тоа подразбира вмрежување, или како Кастелс велеше пред повеќе од десет години, нели ние живееме во вмрежено општество.

    Да ја продолжам дилемата околу луѓето подлабоко. За кои луѓе праиме муабет? Бидејќи крајните корисници не верувам дека би се противеле да прифатат нови тенологии ако им го подобрува (олеснува) живтот. Па оттаму морам да помислам дека отпорот се јавува кај овие  „погорниве”. Нив им се гледа тешко и непотребно да менуваат и да воведуваат нови технлогии а од друга страни истите тие и во најголема мера се корисници на добар дел од нив.

    Ама тука може да се отвори муабет за елитизам, и забегав. Толку ај.

  3. sead93

    И сега ако јас кажам дека и јас се сложувам (а генерално се сложувам) ќе заличиме како партиски конгрес на некоја наша партија (која било партија наша 🙂

    Инаку сакам да потврдам дека д-р Мите ја дијагностицираше клучната точка, зрелоста на модерниот хомо информатикус да „владее“ со технологиите кои му се достапни. Плус, дека технологијата се пушта на „инка“ колку што може повеќе да генерира профит, а да не е опасна за „елитите“ е многу важен „детаљ“. Инаку за примерот на Дарко вреди да се поведе и поширока дебата, зошто во нашето информатичко општество (мислам во МК) единствена работа што можеш да ја направиш е да нарачаш пица на Телепица? Толу во мојава фуснота, единствено на ова може да се додаде уште една шопска салата 🙂

  4. Anonymous

    Решението е едноставно – модератор!

Коментарите се затворени.