Media & Marketing Blog

Рекламната индустрија продолжува да ја напаѓа нашата свест на мала врата

Веќе извесно време во академските, а богами и комерцијалните, кругови се зборува за спојката помеѓу мобилната телефонија и интерентот.Воопшто не е новост да се пристапи на интерент преку мобилниот телефон за да се провери е-пошта или да се симне одредена содржина за прегледување.

Она што е ново и интересно доаѓа од под пазувите на фирмата која го работи еден од најупотребуваните социјални софтвери во светот (покрај Facebook) – станува збор за MySpace

Имено, MySpace ланисира верзија на својот софтвер која е наменета за пристап преку мобилните телефони.

Како што известуваат, новата верзија ќе биде лансирана во понеделник (претпоставувам тоа е денес :-)) и сега за сега ќе функционира на сите мобилни оператори во САД.

Со ваквиот чекор MySpace им овозможува на своите корисници да примаат и испраќаат пораки и покани за пријателства, да пишуваат коментири на фотографиите, да постираат билтени, да си ги ажурираат своите блогови и да пребаруваат и наоѓаат нови пријателчиња.

И сега замислете си го искуството на младите со мобилната телефонија.

Покрај ‘зависноста’ од испраќање и примање на смс пораки, играње на се игрици, мобилните телефони во рацете на сите млади сега добиваат уште едно ново значење.

Сите оние орни и желни за дружење повеќе не мора да “спијат” пред своите компјутери поминувајќи часови и часови дружејќи се – сега тоа можат да го сторат каде и да се со помошта на своите мобилни.

Сето тоа, само по себе, можеби и не е страшно.

Елем, сите сакаме да поминуваме часови и часови во дружба. Доколку си ги извршуваме своите обвски (школо, дома, и т.н.) и секако доколку не забораваме дека постојат и други видови на “задоволства” – ваквиот чекор на MySpace не мора да значи и дополнително отуѓување

Она што е вознемирувачко во веста е што MySpace оваа своја нова, за мобилната телефонија наменета верзија ја прави “as part of a wider bid by parent News Corp. to attract advertising for mobile Web sites” –

или по нашки тоа би било нешто како: го прави тоа како дел од пообемната програма на компанијата која стои за Myspace , елем, News Corp., во правец на привлекување на адвертајзиногот кон мобилните веб страници.

Самата компанија за да го појасни ваквиот свој чекор вели дека адвертајзерите стануваат се повеќе и повеќе заинтересирани за ваков чекор токму заради се поголемото унапредување на веб искуството.

Она што мене ми ги подотвара очите се огледа во следниот дел од веста:

“…Eventually, Fox Interactive will seek to sell more targeted advertising, using registration data from cell phone carriers. The company also hopes to send local ads based on a user’s location using GPS data sent by the phones…”

и понатаму

“…MySpace recently announced plans to sell targeted ads using personal information culled from each user’s profile and blogs…”

замислете си: таргетирани реклами преку употреба на информацијата извлечена од профилот и блоговите на секој корисник!

Со тоа, ми се чини, имаме се помалку и помалку шанси да си ја заштитиме свеста од бомбардирањето со реклами. А богами и слободната волја да избираме кога и каде и какви реклами ќе гледаме/слушаме некако како да станува се помалку слободна волја а се повеќе раководена волја.

Сето она што ние за нас го обелоденуваме во нашите профили за цел дружба, поврзување, споделување, зближување со млади налик на нас – MySpace отворено планира да го (зло)употреби за да и овозможи на рекламната индустрија да може да ги пласира рекламите за своите производи до потаргетирана публика.

Си пишал дека сакаш да пиеш Швепс – твојот мобилен телефон ќе те потсети на тоа секогаш кога ќе посакаш да се подружиш со своите пријателчиња.

е сега, замисли да си тинејџер кој сеуште се нема дефинирано себеси.
Е па, рекламната индустрија ‘несебично’ ќе ти помогне во тоа, сакал ти или не!

Аdio на уште едно ниво од приватноста и интимата и позитивната контрола врз сопствениот живот !

Или?

целата вест можете да ја прочитате тука

секако без мојот коментар 🙂

5 коментари на “Рекламната индустрија продолжува да ја напаѓа нашата свест на мала врата”

  1. sead93

    Веста е ептен бодријарска, крај на приватноста 🙁

  2. darko156

    Сево ова со рекламирањево веќе наголемо функционира, само не на мобилни, туку на интернет.

    Нема изненадувања, со зборовите на Andrew Keen: Младите денес по цел ден гледаат една гоооолема рекла која се вика YouTube или MySpace или било кои друг ваков сервис.

    Очигледно им носи пари ваквиот систем, па ај се ќе се префрлаат и на мобилни.

  3. Jana

    а бе сум забележала јас одамна дека некако рекламчињата по странициве ми одговараат и доа дека некои од спам пораките ептен одговараат на тоа што го пребарувам и сл. ти денови,и така натаму и знам дека се "кројат" веб искуствата на од нападот на рекламитеврз нашата свест

    оти веројатно ќе иде на ист принцип како веб вести и прилози – за да ја видиш веста мораш да изгледаш рекламче

    Е па јас нејќум!

    😉

  4. Jana

    ај пак после третата реченица: на таков начин

    Ama me nervira e sto vise nigde nemas raat.

    do sega mene reklami ne mi doagjaat na telefon

    osven onie

    kupi ringtone na Mobimak

    ama ova mi e veke bez veze, ako veke sakam na MySpace od mojot telefon nejkum vo tekot na toa moe iskusstvo da me gnjavat reklami

    i znam deka djabe se zalam ama toa e

    mora da se borime do kraj i za toa malo delce sloboda od torturata na reklami vrz nasata svest

    oti kako so vestite na web, za da ja vidis vesta, moras da izgledas reklamce.

    E, pa jas nejkum!

    😉

    !

Коментарите се затворени.