Media & Marketing Blog

Facebook како инфосфера што лебди над нас

Кога веќе тргнав со Вирилио и Фејс еве уште една тема која беше загатната таму: Фејсбук 🙂

Дебатата се одвиваше во однос на тоа како ги доживуваме новите социјални онлајн мрежи (Facebook, MySpace, Hi-5…), како замена за реалната комуникација или како надградба на комуникацијата во живо. Се разбира, консензус не можеше да се постигне од причина што сите ние ги користиме на различен начин, па имаше секакви ставови, од согласувања дека е замена за „вистинската“ комуникација, до крајни спротивставувања на оваа тема.

Мојот приод беше дека социјалното вмрежување не е симулација (бодријарски кажано) туке е супституција на комуникацијата (вирилиско кажано) која е реална, присутна и опиплива, но која паразитира врз реалната и ја цица и уништуваво исто време. Додека Бодријар би рекол дека симулираната (електронската во овој случај) комуникација е нешто што си замислуваме во нашите глави дека се случува, Вирилио пак вели дека тоа е како еден вид „облак“ (или како вселенскиот брод во „Independence Day“) кој лебди над нас и влијае како се однесуваме:

I think that the infosphere – the sphere of information – is going to impose itself on the geosphere. We are going to be living in a reduced world. The capacity of interactivity is going to reduce the world, real space to nearly nothing. Therefore, in the near future, people will have a feeling of being enclosed in a small, confined, environment. In fact, there is already a speed pollution which reduces the world to nothing. Just as Foucault spoke of this feeling among the imprisoned, I believe that there will be for future generations a feeling of  confinement in the world, of incarceration which will certainly be at the limit of tolerability, by virtue of the speed of information. If I were to give a last image, interactivity is to real space what radioactivity is to the atmosphere.

Ова е троа песимистички приод (троа=еуфем.), но во ситуација кога новата технологија ви „се пушта“ на тој начин што ви угодува, ви го задоволува сите „потреби“ и ве тера на зависност, па како резултат на тоа луѓето имаат тенденција да не ја гледаат критички, понекогаш радикал како Вирилио и не е лош за консултурање на некои теми.