Новинарите се попаметни (и поглупави) од блогерите

Логичките парадокси, од коански тип, се нешто што не се среќава често во новинарските текстови, па таква една раритетна пројава штета е да помине незабележано :)

Мажите се попаметни (и поглупави) од жените

Со векови мажите верувале дека се попаметни од спротивниот пол, за кого, пак, мислеле дека е способен само за домашни работи. Сега, едно истражување (?!?) открива дека мажите навистина се поинтелигентни, но исто така и поглупави..Кога научниците ја измериле интелигенцијата на 2.500 браќа и сестри, дошле до непропорционален број од мажи во највисоките 2% и во најниските 2%. Имало два пати повеќе мажи отколку жени во паметната група. Но и во глупчовците имало два пати повеќе мажи. Просечните резултати на мажите се практично идентични со оние на жените.

WTH?!? И сето ова за да на крај да ви кажат дека се подеднакво паметни?!? Изгледа дека како и мажите така и новнирите одат во екстреми, наместо едноставно да кажат што е работота :)


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Personal. Bookmark the permalink.

8 коментари на "Новинарите се попаметни (и поглупави) од блогерите"

Коментирај!