Media & Marketing Blog

Поглед во иднината на интернетот…

Според скорешното истражување на „PEW“-проектот за иднината на интернетот во периодот 2006-2020 година, тој ќе продолжи да се развива и шири со ненамалено темпо.

Некои од позначајните прашања и дилеми кои според експертите ќе се наметнат се:

-Кој ќе ја контролира ваквата грандиозна архитектура на интернетот?

-Поврзаноста на интернетот со мобилните технологии.

-Степенот на социјалните и политичките промени кои ваквиот развој ќе ги предизвик(ув)а.

Еден од интересните пасуси од истражувањето е предвидувањето дека човекот во рамките на овој период ќе успее да ја задржи стабилната контрола врз новите технологии, но сепак ќе бидат создадени такви технологии кои ќе бидат надвор од директна човечка контрола…

Во духот на „словенската антитеза“ на која нашето образование се гордее една куса вест од домашната сцена која лабаво е поврзана со темата на овој пост: „Прволиг(а/у)шите во КСМ не сакаат да имаат интернет презентација“.