Media & Marketing Blog

Австриски Вечер

Дарко ми ја проследи оваа информација, која некако ми налете на волејка околу работите кои ги чепкам за некои журналистички теми за тезата-ми (дали новинарот треба да има став, или само треба да пренесува информации, како поштар да речеме, или пак, треба дури да ја отвара поштата, да ти чита, па потоа да ти кажува што значи тоа што ти е пратено во пораката? Хмммм, дали, како, што…:)

Austrian tabloid, Kronen Zeitung, has been the subject of content concerns for quite some time.  The paper is currently under fire because publisher and editor in chief, Hans Dichand has been accused of manipulating the public by openly using his paper for pet political issues. KZ has a daily circulation of three million (42% of the  population), which, according toBNET is the highest per capita circulation of any newspaper in the world. 

Прашањето е, како читателот/гледачот, треба да се постави (бидејќи очигледно е дека законот не може да го спречи политичкото трибунство, како во МК, така и во западниве демократии) кон „ангажираниот“ медиум со своја политичка агенда?

За жал степенот на сегашната медиумска образуваност дозволува инструираното новинарство се уште да игра важна улога, но мое мислење е дека кога интернет задоените генерации ќе добијат мнозинство во гласачките тела, ваквите криптокомуњарски рецидиви (ај да не спомнувам Гебелс 🙂 и машини за штанцање политичка пропаганда ќе отидат во историјата, каде одамна им е и местото. Засега мораме да ги гледаме уште некој ден нивните „репризи“ како оние филмски репризи на БТР и Амазон што се вртат со години наназад.

пс: Кога прочитав во „Глобус“ дека ДПЛ имал харизма („Павловиќ се наметна како еден од македонските тв новинари со голема харизма, како позитивна, така и негативна“…), хммм, поштено се подзамислив кои се намерите на авторов 🙂 Но, кога видов дека Чом е над него, сфатив колку е саат (листата е правена да не се налутел некој што го нема 🙂 Како и да е, секој има право на свое мислење, а со тоа и на листа. Мојата процедурална забелешка е дека, ако се ова највлијателни „неполитички“ личности тогаш нашето граѓанско општество де факто не постои, оти 93.5% (слободна проценка) се политички инволвисани, иако не носат политички дресови (формално), па или носат вода на „политичките играчи“, или ги масираат, или им ги натегаат нозете пред загревање, и сл.

псс: ова Вечер од насловот  е диги-еманација на еден критички став кон овој медиум кој е присутен во блогосферата/јавноста, а со кој нормално се согласувам (daaa..), но не значи дека е единствен инструиран медиум, напротив, можеби е „најизложен“ на подбив заради својата таблоидност, но не значи дека поиндиректната пропаганда е помалку штетна.

псс: Ихххх, ќе забораеф..да не испадне дека немаме став (резилок). Значи мојот „поштар“ не сакам да ми ја отвора поштата и да ми чита и „преведува“ што има во писмата кои ми се пратени. Дај ми писмото, разбиораш, па потоа може да се прави муабет, откако ќе си го прочитам, па да ми понуди анализа, увид во контекстот, и слично, може да се разговара, секако.

2 коментари на “Австриски Вечер”

  1. Anonymous

    Мислам дека го преценувате влијанието што ваквите медиуми го имаат врз јавноста. Kолку што ме држи сеќавањето за последниве десетина години:

    – во 1998-ма СДСМ ги имаше под своја „контрола“ сите медиуми освен А1 и Дневник и ги загуби изборите

    – во 2002-ра ВМРО ги имаше под „контрола“ сите освен А1 и Дневник и исто ги изгуби изборите

    – во 2006-та Велија Рамкоски максимално ги злоупотреби А1, Време и Шпиц и не успеа да освои ниту едно пратеничко место

    – не се сеќавам за изборите во 1994-та, тогаш СДСМ имаше под своја контрола апсулутно се, меѓутоа едноставно не ми е останато вo сeќавање како се однесуваа медиумите тогаш

    Мислам дека повеќе се работи за тоа дека одредени луѓе (мислам пред се на Латас) едноставно успеваат да се „продадат“ како влијателни, иако тоа нема некоја „подлога“ во реалноста. Не знам за тиражот и читаноста на „Вечер“, меѓутоа знаам дека вестите на Сител имаат многу послаба гледаност од вестите на Канал 5 и А1.

  2. sead93

    Во 94 беа Вечер и Нова Македонија под контрола на сдс, Дневник почна 95, а од приватни телевизии (телма, сител, А1) повеќето беа „леви“, немаше други мислам. За преценетоста на влијанието тотал се согласувам, повеќе е дигање џева, отколку вистинско влијание. Луѓето можат и да го гледаат и читаат тоа, но таблоид не може да генерира широка јавна подршка или гласачи. Вечер е правен по матрицата на Курир, Sun, и слично, а таквите медиуми имаат потенцјал преку трачеви и скандали да бидат опозиционен фактор но не и билдачи на рејтинг и подршка.

Коментарите се затворени.