Media & Marketing Blog

Webfest.me преглед на вториот ден

Помина повеќе време одколку што планирав за да го напишам и вториот пост за Webfest.me но сега ми се чини дека и нe испадна така лошо затоа што имав време да го средам впечатоците и да погледнам малку поубаво на тоа што таму се случуваше.

Вториот ден беше денот кога требаше да настапат најголемите звезди на настанот. Тони Конрад и Мет Муленвег. Но пред нив имаше и други кои не треба да се испуштат во овој извештај. Денот започна со интересна презентација на Владимир Николоќ од Лимундо. Тој, слично како и Бранко претходниот ден зборуваше за почетоците на нивната компанија. Денес се скоро 40 вработени и едена од најголемите клaсични старт-ап компании во регионов. Упорност и јасна цел уште еднаш се покажуваат како клуч. Владимир со својот брат започнале да работата со еден комјутер и еден телефон и тоа воопшто не го гледаме како пречка. Се менувале еден по еден, но денес тоа се само убави спомени кои ги раскажуваат на конференции.

По него зборуваше Џорџе Секович од Logate. Ептен интересно беше. Ѓорѓе им пркоси на големите компании кои произведуваат корпорациски софтвер нудејќи бесплатни решениа. Погледнето го видеото од неговиот настап на WebFest.me.

На ред беше словенечкиот старт-ап Vox.io кој предизвика големо интересирање кај многу инвеститори. Јакоб Маровт го објасни овој производ за кој многумина велат дека ја измислува наново веб телефонијата. Видео од презентацијата на Маровт.

После првите три за мене интересни и корисни презентации и дискусии следуваа две прилично досадни говорника. Рикардо Соуса имаше мотивациски говор на кој не му беше ни местото ни времето на оваа конференција. Мотовираше неколку тинејџери што е добра работа но сепак овој говор требаше да се случи на друго место. После него на сцена се појави Мајкал Нијлон од Blacknight.com чиј говор беше добар само за некој кој што прв пат слуша што е тоа интернет маркетинг, но не и за сала преполна со луѓе кои веќе долго време работат на тоа поле.

На крај од конференцијата се појавија и најголемите ѕвезди Тони Конрад и Мет Муленвег. Секој од нив имаше презентација а потоа заедно одговараа на прашања од публиката. Нема многу да зборувам за нивните настапи само ќе ве поканам да ги погледнете трите видеа.

Презентација на Тони Конрад oсновач на About.me

Презентација на Мет Мулевег основач на WordPress.

Прашање и одговори сесија со Тони Конрад и Мет Муленвег.

Требаше да има уште една презентација на крај од Томас Гејно од Google Labs, но поради технички проблеми истата не се одржа.