Media & Marketing Blog

Конференција „Е-Македонија 2005“

Неколку фрагменти од отворената конференција Е-Македонија 2005, Скопје, 28 Септември(извор МИА);

Идеалистички фрагмент:
Зборуваме за Македонија како идно информациско општество што неминовно и тесно се поврзува со прашањата за нејзиниот економски развој, порастот на вработувањата, развојот на демократијата и унапредувањето во реалното остварување на човековите права;
Претседател на РМ;

Реалистички фрагмент:
Информациските и комуникациските технологии се основа за транспарентно владеење на сите нивоа, за ефикасна и одговорна влада.
Frode Mauring, канцеларија на UNDP

Коментар: Можеби заради реалистичкиот дел и тоа што тој го наведува и не постои сериозна заинтересираност за реално спроведување на овие кибер-планови, барем од оваа генерација управители/фукционери. Од лично искуство можам да потврдам дека вработените во судските органи про скорешното мрежно поврзување и информатизација на судовите изразија (и се уште изразуваат) отпор, токму заради тоа што нивната работа треба(ше) да стане: транспарентна, ефикасна и одговорна.

2 коментари на “Конференција „Е-Македонија 2005“”

  1. Anonymous

    Hi, I am new to blogging, so I am visiting blogs to see how it's done. Yours
    is very professional – well done. I have a free
    advertising
    site for blogs if you are interested. Good luck with your blog.

  2. Jovan

    http://jovansblog.dobroutro.com/?p=229

    Ова е мој мал прилог бидејќи присуствував на настанот. Рафал Рохозински имаше прекрасно предавање во кое наметна особено интересно искуство од другите земји. Главниот отпор воопшто не доаѓа од врвните политичари туку од "middle management"-от на јавните институции. И има огромна логика – бидејќи политичките лидери и онака се под новинарски мониторинг. „средната класа“ на управители во јавната администрација имаат најмногу да изгубат од оваа транзиција која во бизнисот е позната како "cut the middle man".

Коментарите се затворени.