Media & Marketing Blog

Државни сервиси

За ситуацијата со МТВ знаеме сите. И факт е, сите не боли. Даваме пари а немаме никакво фајде од тоа. А и покрај сите реакции сепак според најaвите за новиот закон статусот на МТВ нема битно да се промени.

Но мене на истава оваа тема ме интересира нешто друго. МИА (Македонска Информативна Агенција)

МИА е формирана со одлука Собранието на Република Македонија во 1992 година. Активирана е од Владата во 1998 година. Регистрирана е како Јавно претпријатие.

Па ако е така тогаш значи дека таа треба да им служи на сите граѓани. Како прво многу ме нервира што на нивната веб=страница нема архива достапна за јавноста а како второ (кокретна причина за овој пост) се рекламите на нивната веб-страница.

Мислам дека ретко која друга веб-страница во Македонија има толку многу реклами (се бројат на прсти). Зошто тогаш ние преку данoците да ја плаќаме оваа агенција кога таа не ни дозволува директен пристап до информациите, а паралено се финансира и од други извори.

Рака на срце претпоставувам дека не станува збор за некои големи суми, но сепак, самиот потег иритира, исто како што иритираат и рекламите од Монтенегро мебел – Гостивар кога има некое финале на МТВ.

Можеби за целава приказна не сум доволно запознаен со начинот на финасирањето на МИА (буџет, сопствени приходи итн), информациите ги побарав кај нив на веб, но не ги најдов. Сепак и овој случај заслужува парелелно третирање заедно со МТВ.

На крајот на краиштата 90% од дневните информаци што ги примаме преку домашните медиуми се од МИА, а многу малку ги има од комерцијалниот сервис Макфакс

2 коментари на “Државни сервиси”

  1. алек

    Од даноците кои ги плаќаш МИА нема да види ни денар. Скоро две години работат со целосно самофинансирање. Значи колку ќе заработат толку ќе апаат. Мислам дека имаат и архива, но за пристап до неа треба да си претплатник.

    И во светот има примери на јавни претпријатија кои работат по пазарни услови и за профит. Тоа што сопственоста и користа од услугите се заеднички (на сите) не значи дека истите треба да бидат бесплатни и баш по вкусот на секој. Проблемот е што е нејасно по кој критериум се одредува кој јавен сервис ќе се плаќа од даноци (значи ќе се добива бесплатно или со ниски цени), а кој ќе се самофинансира (значи ќе се плаќа пазарна цена).

    МИА има конкуренција и логично е во такви услови да настапува со пазарна цена, во спротивно државата би ја рушела приватната конкуренција. Други јавни претпријатија, како Службен весник, немаат конкуренција а работат исто со самофинансирање, по цени кои сами си ги одредуваат. Нормално, цените им се луди, ама им се може. Мислам дека во дејности во кои нема приватни провајдери најдобро е услугите да се субвенционираат преку буџетот, а корисниците да ги добиваат бесплатно или по ниска цена. Па нека се секира владата како ги трошат парите кои им ги дава, ама корисниците да си бидат заштитени од солени цени.

  2. Darko156

    Претпоставував дека има некоја приказна зад сево ова, ама мене не ми беше позната. Токму затоа го ставив последниот пасос.
    Во секој случај Алек благодарам за информациите.
    А за тоа дека МИА има архива која е достана за претплатници, го знаев. :))

Коментарите се затворени.