Државни сервиси

За ситуацијата со МТВ знаеме сите. И факт е, сите не боли. Даваме пари а немаме никакво фајде од тоа. А и покрај сите реакции сепак според најaвите за новиот закон статусот на МТВ нема битно да се промени.

Но мене на истава оваа тема ме интересира нешто друго. МИА (Македонска Информативна Агенција)


МИА е формирана со одлука Собранието на Република Македонија во 1992 година. Активирана е од Владата во 1998 година. Регистрирана е како Јавно претпријатие.

Па ако е така тогаш значи дека таа треба да им служи на сите граѓани. Како прво многу ме нервира што на нивната веб=страница нема архива достапна за јавноста а како второ (кокретна причина за овој пост) се рекламите на нивната веб-страница.

Мислам дека ретко која друга веб-страница во Македонија има толку многу реклами (се бројат на прсти). Зошто тогаш ние преку данoците да ја плаќаме оваа агенција кога таа не ни дозволува директен пристап до информациите, а паралено се финансира и од други извори.

Рака на срце претпоставувам дека не станува збор за некои големи суми, но сепак, самиот потег иритира, исто како што иритираат и рекламите од Монтенегро мебел – Гостивар кога има некое финале на МТВ.

Можеби за целава приказна не сум доволно запознаен со начинот на финасирањето на МИА (буџет, сопствени приходи итн), информациите ги побарав кај нив на веб, но не ги најдов. Сепак и овој случај заслужува парелелно третирање заедно со МТВ.

На крајот на краиштата 90% од дневните информаци што ги примаме преку домашните медиуми се од МИА, а многу малку ги има од комерцијалниот сервис Макфакс


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in general. Bookmark the permalink.

2 коментари на "Државни сервиси"

Коментирај!