Media & Marketing Blog

Внимавај!!! реклами светкаат

Поголемиот дел од луѓето реагираат инстинктивно кога ќе им плесне блоц во лице. Нормално, реакцијата е замижување. Како би реагирал поголемиот дел од луѓето кога кон нив би биле насочени поголем број помали блицчиња?

Сакаш да дознаеш? Појди на сајтот на Нетпрес. Не го посетувам редовно овој сајт, освен кога некој ќе ми препорача линк, но ете денес слетав на нивната насловна страна, и морав брзо да рагирам бидејќи зениците ми се збунија. Да бев дел од некое истражување за јузабилите (или како и да се вика на макеоднски) ќе ја збунев машината што го прати погледот, гарант.

Колку за споредба, вака изгледаше (денес) првиот екран на сајтот.

На следнава слика пожолтени се деловите кои не се статични, што значи нивната содржина се движи во различни насоки: хоризонтално, вертикално и некои дрги слободни акробации.

Побарав поткрема на моево мрчење во истражувањата кои се спроведувани на овие теми. Прво, се разбира, кај гуруто Јакоб Нилсен. Таму има една цеа секција (како дел од поголемо истражување) посветена на рекламите каде ги споредува резултатите од две истражувања направени во разлика од десетина години. Секако покрај општо познатиот факт дека најчесто рекалмите се невидливи, еве што друго тие забележале, прво за позитивните работи:

Most of our eyetracking findings on Web advertising present no ethical dilemmas. For example, we know that there are 3 design elements that are most effective at attracting eyeballs:

  • Plain text
  • Faces
  • Cleavage and other “private” body parts

In addition to the three main design elements that occasionally attract fixations in online ads, we discovered a fourth approach that breaks one of publishing’s main ethical principles by making the ad look like content:

  • The more an ad looks like a native site component, the more users will look at it.
  • Not only should the ad look like the site’s other design elements, it should appear to be part of the specific page section in which it’s displayed.

Значи по оваа логика (The more an ad looks like a native site component, the more users will look at it) може да се претпостави дека сите реклами на Нетпрес се динамични, т.е. главниот топ банер (сопствена реклама) и неколки од главните содржини се движечки, па затоа и рекламите се исто така движечки.

Според истите овие истражувања еве ги најомразените техники кои се појавуваат кај рекламите:

  • Pops-up in front of your window
  • Loads slowly
  • Tries to trick you into clicking on it
  • Does not have a “Close” button
  • Covers what you are trying to see
  • Doesn’t say what it is for
  • Moves content around
  • Occupies most of the page
  • Blinks on and off
  • Floats across the screen
  • Automatically plays sound

За да не биде се гледано само низ призма на едно истражување, ги разгледав и резултатите и од последното Eyetracking III истражување на Poynter кои се малку понеутрални и го заклучуваат следново:

Static ads vs. animated ads revealed mix results.
…best performance of static vs. animated ads varied by ad type. Static ads got a higher number of average fixations for most ad types, but not for “skyscraper” ads. Static ads were seen by more test subjects for most ad types, but animated ads inset in article text reversed that trend; animated in-text ads were seen by four times as many people as static ads in that position. Observations on Advertising

Еве како за утеха, ги преброив и само рекламите на целата почетна страна на Нетпрес, значи без содржината и заклучив дека од сите (17) реклами (пофалба за нетпрес) само две (2) се комплетно статични.

И сега треба некаков заклучок да пишам а? Епа… не знам, шо знам…. и онака не идев и не го сакав сајтот на Нетпрес заради тоа што нема RSS feed и автоматски прави освежување на краток временски период, сега дополнително ме одбиваат и трепкачките реклами.

8 коментари на “Внимавај!!! реклами светкаат”

  1. Miladin

    Ех, AkisMATT ме фати на дело кај што спамирам. Колку ефективно XD

  2. Anonymous

    Како главен и одговорен уредник на новинската агенција Нетпрес, а пред се како косопственик, би сакал да ви укажам дека ми е јасно оти за некои читатели се иритирачки рекламните банери на страницата на http://www.netpress.com.mk, кои се динамични. Но, мораме да ги гледаме работите малку и од другата страна. Во редакцијата на Нетпрес работи тим од 15-тина новинари и дописници. Секој што работи, го прави тоа за плата. Единствен начин на финансирањето на Нетпрес е токму од рекламите. Освен вработените, тука се и редовните месечни трошоци за нормално функционирање на редакцијата, но и на интернет страницата. Нетпрес не е забавен интернет портал, кој го работи еден или пак најмногу двајца луѓе.

    Се надевам дека ова мое кратко објаснување е корисно. Се согласувам во целост со вашите ставови, но реалните потреби, за функционирање на новинска агенција се малку понакви.

    Срдечен поздрав

  3. Anonymous

    Почитуван г-дин Дејан,

    жалосно е да се „вадите“ за лошиот квалитет на Вашиот маркетинг со фактот дека тоа се единствените начини да заработите. На македонскиот интернет простор постојат баш такви „забавни интернет страници кои ги водат 2-3 луѓе“ (за пример ќе ја изберам најпознатата: Kajgana.com) кои неделно заработуваат од маркетинг сигурно колку вие за 3 месеци, но сепак приоритетот го имаат кој пријатниот однос кон очите на посетителот. Истите тие, се далеку попосетувани и сметани како релевантни иако не се нарекуваат новински агенции. Доколку имате потреба од совети Ви стоиме на располагање – сигурен сум дека дел од советите ќе ги добиете бесплатно поради фактот што самата идеа за интернет новинска агенција е за поздравување.

    Срдечен поздрав

  4. Darko Buldioski

    Дејан, баш ме радува што си налетал на мојот коментар.

    Веќе пишав во постот, секоја чест за бројот на рекламите и за трудот.

    Но сепак кометарот не е во таа насока. Претпоставувам дека добар дел од рекламите сами им ги правите на вашите клиенти, па ако претпоставката ми е точна твоето оправдание не држи. И сам знаеш дека привлекување внимание на реклама на нет оди многу тешко, ова тотално не ви оди во прилог. Па затоа мислам дека треба да ве засега.

    Пробај да ја гледаш и корисната страна, сите ние се радуваме на успешни интернет проекти, и како што пиша Бидиков, тука сме ако треба помош.

  5. melbourne airport sh

    If I would be happy, I would be a bad ballplayer. With me, when I get mad, it puts energy in my body. -Roberto Clemente

Коментарите се затворени.