Renaming Machine

Конференцијата „Renaming Machine“ започна денес. Во шареноликата програма  можат да се најдат приличен број интересни настани. Конференцијата имаше свои пред-изданија и во неколку други градови во странство.

 Феноменот на преименување е несомнено проблем што иницираше огромен корпус на дискусии во контекст на спорот околу името меѓу Македонија и Грција. Воопшто, процесите и схемите на преименување силно влиаеја врз конструкцијата и дестабилизацијата на меморијата поврзана со националните, културните и личните идентитети, a особено во текот на последниве две декади на просторите на бивша Југославија и Југоисточна Европа…Промената на имињата во историската пракса вообичаено се перципира како прв чекор кон апропријација или бришење на извесен национален, културен или личен идентитет, но и како стратегија за освојување или зачувување на одредени територии. Како контрапункт на овие, длабоко вкоренети, политички и културни пракси на (пре)именувањето го имаме кибер просторот како нов медиум за комуникација, или како експериментален топос кој ја отвора играта со идентитетот и преименувањето.

Во нејзиното утрешно продолжение ќе настапи троецот (без кормилар) од „Центар-ов за нови медиуми“ со своја поставка (Renaming Semantic Cloud).


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Academic, Local, Media, Social Media, Society and tagged . Bookmark the permalink.

Коментирај!