Media & Marketing Blog

Доделуваме две бесплатни влезници за BlogOpen

Уште 5 дена не делат до петиот BlogOpen во Нови Сад. Атмосферата на интернет полека се загрева, колоната со тагот #blogopen се полни со твитови а оние кои ќе учествуваат веќе започнаа да ги најавуваат своите презентации и да дискутираат со останатите посетители. И токму сега ние (комуникации.нет) и јас (како официјален блогер на настанот) успеавме да обезбедиме две бесплатни влезници. Еве што доделуваме:

Full House – cena 5.900 dinara

Svaka kotizacija obuhvata:

  • Prisustvo masterklas prezentacijama 8 keynote predavača
  • Prisustvo finalu StartUpOpen konkursa
  • Praćenje 16 predavanja u PechaKucha formatu
  • Proglašenje najboljih blogova iz prethodne godine
  • Dva svečana koktela  sa lunch-breakom i puno prilika za networking
  • Kotizacioni paket

Како до влезница?



За да имаме некој (каков/таков) критериум по кој ќе ги доделиме овие влезници решивме да поставиме правила. Право на учество имаат блогери од Македонија кои имаат активни блогови на која било тема. Значи мора да имаат објавено најмалку два блог поста во  последниве 30 дена. Доделувањето ќе има два чекори:

Во првиот чекор ќе треба во коментар на овој пост да го пријавите својот блог доколку сте решени овој викенд да го поминете во Нови Сад на BlogOpen и да се дружите со блогери од целиот регион. Оваа фаза завршува денес во 21 часот.

Вториот чекор започнува кога во нов блог пост тука на овој блог ќе ја објавиме листата на сите заинтересирани блогери. Ќе биде листа за гласање што значи потоа ќе мора да се потрудите да ги натерате вашите читатели да гласаат за вашиот блог. Овој чекор ќе започне на полноќ денес а ќе трае до утре до 18 часот.

Значи на кратко да повторам:

ЧЕКОР 1 : пријави го својот блог во коментар

ЧЕКОР 2: докажи им на своите читатели дека заслужуваш да одиш на BlogOpen и повикај ги да ти обезбедат карта така што ќе гласаат за тебе на новиот блог пост кој ќе биде објавен вечер на полноќ.

Детали за настанот има на http://www.blogopen.rs/bo2011 за сите дополнителни прашања стојам на располагање. Ние (јас и Мите) ќе одиме со кола во петок навечер (ноќе) а ќе се враќаме во понеделник вечер (ноќе), ако ти одговара може и да делиме трошоци за пат. Престојот во Нови Сад не е обезбеден, ќе мора сами да си резервирате и платите легло.

Мало појаснување… не бираме најдобар блог или пак највлијателен блог…. или пак најдобар дизјан на блог. Овој мини натпревар нема таква цел.

4 коментари на “Доделуваме две бесплатни влезници за BlogOpen”

  1. Natalija

    Може јас нашиот да си го пријавам и да ме земете со вас? :)))

  2. Darko Buldioski

    Момци бидејќи Наталија е од домашни редови, нема да биде фер да се натпреварува, ќе добие таа дурга шанса. Затоа, спремајте пасошите петок вечер одиме за Нови Сад. 🙂

Коментарите се затворени.