Media & Marketing Blog

Нов обид со Wiki

Германскиот дневен бизнис весник Handelsblatt започнува нова епизода во експериментите со Wiki.

Пред неколку месеци обид за употреба на Wiki на своите интернеt страници имаше и Американскиот Los Angeles Times (пост1, пост2, пост3). За волја на вистината тој проект пропадна.

Три месеци по овој обид германскиот весник Handelsblatt на своите читатели им нуди Wiki содржина. Но овој пат тие креираат wiki – речник со стручни термини од бизнисот. WirtshchaftsWiki.de е страницата каде може да сенајдат овие термини (за жал само на германски).

Овој обид за употреба на wiki значително се разликува од оној на LA Times, и може да се очекува да заживее а притоа да не предизвика вандалски реакции како првиот. Сепак тука станува збор пред се за образовна а не за информативна содржина.

Извор: EditorsWeblog