Многу е позитивно што блоговите се користат како нов медиум за притисок на јавноста за интензивирање на развојот на државата. Но од друга страна треба да се разбере дека работите сепак нема да бидат толку лоши во среднорочни рамки, а една од главните причини за тоа е и граѓанската активност за зачувување на човековите права и притисокот на јавноста за имплементација на НСИО.

Треба сите да продолжат, многу ми е драго што секој од Вас стратегијата ја чувствува за своја – до тоа ниво што ја брани од „лошите“ политичари и бизнисмени. Одличен напредок за граѓанската свест – токму овој факт ми го дава умерениот оптимизам дека сепак некои работи ќе се средат.