Невиден напредок

Како ни напредува државава е живо чудо. Значи се се случува по соодветен редослед.
Прво се усвојува стратегија за информатичко општество (линк) потоа се носи одлука дека државата нема да дава пари за да се спроведе оваа стратегија. (линк)

Убавина од невидени рзмери. Нема потреба да расправам, сите знаете. Поголеми неусогласувања и некоординирани акции не можат ни да се замислат.

И последно, како врв на се`. Бројот на интернет корисници конечно ќе се зголеми. Со новите пакети на МТНет. Сега за само 1.200 МКД ќе имате дома АДСЛ интернет и ќе можете на раат да си проверите е-mail. И толку, ништо повеќе, затоа што во држава каде стратегијата за информатичко општество нема да профункционира, едноставно монополистите утврдиле дека на граѓаните информации воопшто и нема да им требаат. (лик1, линк2, РЕВОЛУЦИЈА)

Толку малку време, а толку чекори назад. Па нормално е дека ќе не враќаат од секаде и секогаш. Зошто би не примиле некаде, кога ние и самите не сме свесни дали сакаме да бидеме примени, само за да бидеме примени или за да напредуваме како општество?

Сакав да коментирам многу повеќе ама излишно е.

Еве уште некој линк:
Bagra
E-biznis blog
Mislam


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Невиден напредок"

Коментирај!