Media & Marketing Blog

е-Општество.мк

Во рамките на Националната стратегија за информатичко општество, Фондацијата
Метаморфозис, со поддршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, ја организира
конференцијата „е-Општество.Мк“, со цел подигнување на јавната свест и пренесување
знаења за низа тековни теми од областа на информатичкото општество.

Агендата на оваа конференција и на дебатните средби кои ќе следуваат по неа можете да ги најдете на нивната страница.

Би било убаво доколку некој од организаторите или редовните посетители на овие настани би отвориле блог на кој редовно би известувале за дискусиите и презентациите.

Отворено ја посочувам оваа солуција бидејќи сум следен неколку блогови кои нуделе директни извештаи од вакви слични конференции, и навистина биле квалитетни.

Постои една шанса тоа да се случува и на овој блог, но сеуште со сигурност не би можел да потврдам. Доколку успеам да договорам некој таков аранжман ќе има благовремено известување.