Media & Marketing Blog

Како работи Borg.mk?

Во рамките на прес конференцијата на NewMediaMK на која беа претставени резултати од истражувањето за употребата на пребарувачи во Македонија презентација имаше и Игор Трајковски (креаторот на Time.mk). Зборуваше за начините на кои пребарувачот Borg.mk ги прикажува резултатите, зошто тој во одредени сегменти е неспоредливо подобар од Google.com и Google.com.mk иако се базира на истиот пребарувач и секако зборуваше за плановите.

Borg.mk

Игор неколку пати во текот на презентација пред публиката, која активно учествуваше во дискусијата напомена дека секоја идеја, сугестија, забелешка е добредојдена. Дека сервисот секогаш ќе биде подобар ако во неовото подбрување учествуваат повеќе и самите негови корисници. Па затоа, еве ја целата негова презентација и бујрум пишувајте во коемнтари и праќате му пораки на Игор за да го подобри Borg.mk со што тој би станал уште покорисен за сите нас.

Видеото трае нешто повеќе од 25 минути и снимено е на 30. септември 2010

35 коментари на “Како работи Borg.mk?”

  1. Коки

    Хих, леле какво лигаво типче бил овој oд Taјм.мк… 🙂

  2. Anonymous

    Бидејќи бев на презентацијата, како еден од „активните дискутанти“, морам да кажам дека дури тогаш разбрав која е *вистинската* вредност на borg.mk.

    Игор направил одлична работа, и секој кој сака да пребарува по македонскиот сајбер-простор ќе добие многу (многу!) порелевантни резултати одошто ако пребарува со google (дури и со google.mk).

    Парадоксално, borg.mk во заднина го користи истиот тој google.mk — ама знае да му ја „извади маста“. Тоа е магијата.

    @Коки:

    Ако немаш ништо паметно да кажеш, освен очигледниот факт дека си зелен од завист и од сопственото сознание за тоа колку си неспособен во однос на попаметните, мрш' од тука. Иш! Гитла! Сиктер!

    Од ова троловиве да ти пукне жила!

  3. Anonymous

    @Igor tapa prezentacija! Kako so lizavce da si mu platil na nekoe detence da ti zavrsi rabota… mnogu loso drzenje i preterano losi izrazi so sto prezentacijata ja imas unisteno! 25 minuti da sedi nekoj da te slusa? ke umre covek od dosada!

    @Tipot sto se ufrla na pocetokot od videoto so taa nekoja negova besna statistika-> stvarno mislev deka ke ja prekines dosadnava prezentacija za da kazes nesto pametno….

    publikava ocigledno edvaj ceka prezentacijata da bide prekinata za da zivne malku….

  4. darko buldioski

    Извини друже анонимен, следниот пат ќе внимаваме далку повеќе на формата од содржината.. на крајот на краиштата таа е главна а? 🙂

    Во секој случај фала што ја изгледа презентацијта

  5. Ванчо

    Еве уште еден …

    Зошто тука би станувало збор за „плагијат“, не ми е јасно, освен ако нема некои опскурни академски причини, за кои јас не сум свесен.

    Да, во трудот кој го издале дечките од Итеа во 2008, се споменува мета-пребарување на Google на македонски содржини, но тоа го имаше и самиот Google.mk.

    Тоа што time.mk и borg.mk се поуспешни проекти од останатите слични кај нас, прави некои луѓе многу нервозни и позеленети.

    Наместо да се радуваме што имаме успешни информатичари кај нас, се користи секоја прилика за практиткување на омилениот спорт кај нас — плукање во далечина.

    А правило е ваквите троловски постови да доаѓаат анонимно, најверојатно затоа што и самите нивни автори, deep down, чувствуваат кои им се вистинските мотиви.

    Не сакам да го спорам трудот на Итеа — напротив — високо ги ценам. За жал, Набу не се покажа многу комерцијално успешен, можеби беше премногу добар премногу рано…

  6. Stvarno grunted stud

    Кога се пуштаат информации било какви во било каков етер ако треба да има некоја тежина треба да има и доза на критика. Информациите што се пласираат преку it.com.mk i komunikacii.net или било кој друг псевдоним се едноставно не комплетни. Неможе вие да пишувате за било што ќе му текне да ископира или да не референцира или да го натера со сила некој студент Игор да направи да го земате тоа за здраво за готово и да го публикувате. Каде е критичкото размислување? Дали вакво нешто постои или постоело не е релевантно, релевантно е само тоа што ќе каже IT (коинцидентно)? Ви се молам…. Јас лично добив закана дека нема да поминам испит ако сум читал други слични сајтови, т.е. не тајм.мк . У ствари ако сум мислел дека не е тој најдобар….. Кои? Кои сајтови биле претходно? Или тој е прв? Комплетно погрешно пласирана информација и никогаш нема да се помирам со тоа… Ама морам да поминам испит :))

    • King

      Your post has moved the debate fodawrr. Thanks for sharing!

  7. Ванчо

    Аха, сега испаѓа дека Игор Трајковски и не бил плагијаторот, туку некој студент!? Игор го оковал во ланци во темен, влажен подрум, го рани со леб и вода, сѐ додека не го искодира time.mk (или borg.mk). Стварно?

    Еве вака:

    Напиши анализа на тоа што не е комплетно, ама комплетна! Кажи кога и каде е објавено, кој лажел, и зошто мислиш дека лажел. Само не ги употребувај Илуминати, Билдерберг и Светскиот заговор на Евреите, сите знаеме за нив.

    Потоа, анонимно, испрати го на мојата email адреса (кликни на името, ќе ја најдеш).

    Ако држи вода, јас ќе го објавам текстот на мојот блог.

    Ќе ја објавиме целата работа и ќе бидеме славни.

    разбирам дека имаш испити за полагање, затоа — анонимно!

  8. Револуцион

    Немам коментар !!

    Дали ова величење се должи на тоа што IT.com.mk е линкуван на Time.mk? Или можеби тоа што Игор е назначен како еден од видните ИТ луѓе во Македонија, па по автоматизам се велича неговото дело?

    Малку се тие што ја знаат вистината на постанувањето на Borg.mk, и неговиот претходник во Македонија, Nabu.mk, но се надевам дека во скоро време еднаш засекогаш ќе се разреши цела мистерија, од каде е се тоа почнато, и кој на кого е копија.

    П.С. Не треба да ми заблагодарувате што ја изгледав презентацијата. Поздрав

    • Wanita

      Was totally stuck until I read this, now back up and rugninn.

  9. Ванчо

    Успат, да искористам можност, да го искарам Дарко:

    Дарко бе, пак си се заканувал.

    А како нѐ учеше Тони (оној високион, Сопрано од Њу Џерси, ти текнува?) — не се закануј, одма крши колена со безбол палка … :))

    Ти реков дека ќе забележат дека ништо не е случајно. 🙂

  10. Stvarno grunted stud

    па ништо не е случајно да… ама вашето е ептен провидно … стварно ме занима како толку да станете пултрони без да знаете…

  11. Stvarno grunted stud

    http://www.google.com/search?sourceid=chrome&… = 471 резултати

    http://www.google.com/search?hl=mk&q=%D0%B4%D… = 410 резултати

    http://www.google.com/search?hl=mk&q=%D0%B4%D… = 177 резултати

    Човекот е преокупиран со ова само,

    да видиме друго:

    http://www.google.com/search?hl=mk&q=%D0%B4%D… – 1 резултат, тоа што би требало да го прави борг

    Клучни зборови: —Borg.mk——-, Google.com, Google.mk, newmedia.mk, —Дарко Булдиоски—-, интернет пребарувач, истражување, локален пребарувач, македонски корисници, навики, Центар за нови медиуми

    не најдов на ниедно место да не се поврзани овие два клучни збора. Кој всушност е дарко а кој всушност е ванчо? Кој е аце , кој е гоце?

  12. Ванчо

    Се откажав од „дискусијава“, ама на ова не можам да одолеам:

    We are the Borg! Resistance is futile. You will be assimilated!

  13. Stvarno grunted stud

    Who are we? Значи ти работиш за ИТ како и што претпоставував… она со лебот и водата… Убав момент за борг , you will be assimilated ….

    Баш ме бендисува муабетов каде што си признаваш дека си пултронче што куца кај ќе стигне и начека форма со пост за dork.mk, ајм сори борг.мк …. мкробот, борг, тајм терба да паѓаме у несвес сите како некој конспираси невиден се случува во македонскиот простор со луѓе што "работеле во гугл" а се тоа е лечење комплекси и мислење дека сите сме излезени од некое село ( во преносна смисла на зборот со цел риспект до игор…)…

  14. Stvarno grunted stud

    Ја би ти препорачал да не коментираш веќе затоа што со тоа си го навредуваш мастерот… Може утре нема да ти даде лебче и вода… Пази се…. ШШШШШШШ….

  15. Stvarno grunted stud

    Само уште чекам да ги затворите коментариве овде и да биде целата приказна комплетна…. Поздрав и како што кажа револуционерот немора да ми се заблагодарувате дека изгубив скоро 25 минути (ок, 2 сосе мотање) на ова (зло)дело…

  16. Револуцион

    Браво @Stvarno grunted student… , секоја чест на фактиве што ги изложи.

    @Ванчо, со тоа што се откажуваш од дискусијава, само потврдуваш дека си бил assimilated од целиот плагијат.. Твое е да одлучиш што понатака… Поздрав

  17. darko buldioski

    Ако имате нешто да му кажете на Игор, слободно кажете му го тоа нему. Можете и овде… ама не мора да го правите тоа преку така што ќе ме напаѓате мене. Дали Игор крадел или не, не ме интересира. Коментарите се отворени можете да докажувате. Нема да затворам коментари или пак да бришам, се додека содржатт издржана критка. Да сум ја знаел на време приказнава која ја туркате ќе ја пишев…. нити сакам да навредам некого нити да фаворизирам нечиј производ. А колку што знам Игор беше дел од Набу едно време, ама ја псукавте нели? Кажете што се случи? За да ја разбереме и ние вашата битка…

    Она што мене ме мотивира да пишувам и објавувам е квалитетен сервис кој го (или ќе го) користат многу луѓе во МК.

    Ако се потрудите да пласирате позитивни информации и Набу и било кој друг локален сервис може да биде дел од блогов. Личните навреди се бесмислени.

    Тоа што моето име е врзано со мојот блог, а што на него имам пишувано за проектите на Игор не значи ништо. Имам пишувано и за Кети Пери па никој не ме врза со неа? Зошто? 🙂

    Ако на факултетите се случувало она што велите… комплетно застанувам на ваша страна. Но би било ОК некако ако може да го го потврдите тоа или да ја слушнеме и другата страна.

  18. Anonymous

    Почитувани,

    Добивме неколку е-маила за содржината на овој блог па би сакале да го кажеме нашиот став.

    Итеа Решенија апсолутно се оградува од овие коментари и во никој случај не е поврзана со нивното пишување. Фактот дека се обраќате на коментарите како да ги пишувал некој од Итеа директно не засега и затоа максимално одговорно тврдам јас а од мое име и цела Итеа дека не сме афилирани со нивната содржина.

    Ние секојдневно продолжуваме со подобрување на квалитетот и услугите на нашите сервиси и сме целосно фокусирани на тоа. Нашата агенда е да прераснеме во зрела софтверска компанија базирана пред се на високо морални вредности апропо и нашиот став дека никогаш никаде јавно или било како друго не сме се произнеле за интерните афери.

    Во интерес на задржување на компетитивниот дух и со цел креирање на подобри сервиси би сакале да додадеме дека ваквите коментари не му одат во прилог на никого поготово не на Итеа. Доколку ова е со некоја агенда би сакале да ги замолиме сите инволвирани да прекинат со истата…

    Ви благодариме,

  19. Darko Buldioski

    Игор Јаневски, благодарам за одговорот. Баш ми е мило шт се вклучивте во дискусијава која во секој случај не вродуваше баш со многу плод. Блогов е отворен за претставување на локални сервиси, со што на куп анонимни хејтери и тролови уште еднаш би им покажал дека имаат многу искривена или подобро речено нецелосна слика имаат за блогов. Не дека мора да им докажувам….. ама ете…

  20. Anonymous

    Апсолутно се согласувам со твојот став,

    Ние ќе излеземе со наш став, презентација и запознавање со тоа што го работиме на некој евент кога производот ќе биде зрел, истестиран, издебагиран и се друго пропратно што го диктира нашата струка :))

    Што се однесува до дилемата која што е зачната овде за плагијат и други интересни моменти можам само да кажам дека не е тука местото, поготово не на овој артикл …

    Cheers,

  21. darko buldioski

    Игор, во следната прилика кога ние ќе организираме некој настан и ќе посоти можност да се направи презентација ќе добиете покана. 🙂 Ако ви е стасно времето ОК, ако не здарвје во некоја следна 🙂

  22. Aleksandar Tasev

    Честитки за Игор Тајковски а исто така и за Игор Јаневски, поради технологијата што ја развиваат.

    Навистина ја ценам нивната работа, бидејќи неколку години наназад имавме активности во оваа област, односно Natural language processing, лексичко парсирање и семантички системи за организација на знаење, и од друга страна со дистрибуирани системи за спајдерирање и пребарувачи со фацети(facets). Можеби 5% од тоа вградивме во tc.mk. Од попростите работи се транслитерацијата, did you mean функцијата, автосугестиите, а од посложените се хиерархиските фацети при категоризацијата на резултатите.

    Во секој случај, ме радува што има луѓе посветени на развој и монетизација на наша македонска домашна интелектуална сопственост во областа на ИТ. Па се надевам ќе се соработуваме повеќе како еснаф.

    Се согласувам дека Гугл може да се подобри во однос на семантичките способности. Мислам дека имаат некои видливи чекори на тоа поле, веројатно онолку колку што сметаат дека е потребно на пазарот или колку што би поддржала нивната инфраструктура за процесирање. Убеден сум дека во позадина имаат далеку понапредни решенија за (мулти)јазично семантичко процесирање од она што моментално е во јавна употреба.

    Се надевам нашите локални решенија за пребарување ќе продолжат да еволуираат и колку-толку ќе се носат со Google на домашниот пазар.

  23. darko buldioski

    Не се разбирам многу во технологија…. но знам да кажам дека ми се допаѓа начинот на кој се размислува… кога се има предвид моќта на Google и што тие може да направат понатаму за комплетно да го освојат и овој дел од пазарот. Игор во својата презентација токму тоа добро го наведува…. И токму тоа ми дава до знаење дека знае што прави и со кого се бори…

    Сепак, битката е напорна и долга… и не е се само во технологијата, има многу голема улога тука и употребливоста и разгранетоста и маркетингот и ред други работи… Технологијата често е неопходна, но најчесто не и доволна.

    Алек, фала за коментарот.

  24. Anonymous

    "Bez did you mean" za mene prebaruvacov e beskorisen.

Коментарите се затворени.