Media & Marketing Blog

Политизација на „My Space“ и „Facebook“?

Појавата која на нашите гласачи им е прилично позната (т.е. охрабрувањето да се излезе и да се гласа) овој пат доби своја американска варијанта, според информациите на “BlogHerald”.

Имено, популарноста на „My Space“ и „Facebook“ овој пат привлече забележана активност од политичките фактори кои преку овие “social networking” сајтови им упатија пораки со оваква содржина на корисниците. Понудените погодности во форма на линкови овозможуваат регистрирање и веб-страници на кои се оценува популарноста на кандидатите.

Политизацијата и комерцијализацијата на новите медиуми во сферата на социјалното вмрежување секако носи нов предизвик за тоа колку на нив ќе им се одолее и колку тие и покрај влијанијата/притисоците од политичките и економските фактори сепак ќе останат непосреден глас на автономни и автентични поединци и групи.

2 коментари на “Политизација на „My Space“ и „Facebook“?”

  1. В У Н А

    Propagandaministerium…

     Вистината не постои;Секоја информација е ирелевантна;Историјата и сите медиски пораки се само наративи;Вистина е она во што сте избра…

Коментарите се затворени.