Media & Marketing Blog

#4 Преглед во петок

Сме го правеле овој експеримент и порано, не дека не, и беше тажен за нас, ама ете… Нè немаше два петока по ред, да пред два дена беше вториот, и никој не примети. Срам да ви е :). Искрено, нормално дека не беше експеримент туку не се стигаше… ептен сме турбо периодов со двете AllWeb конференции особено таа во Тирана која ќе се одржи сега во четврток на 12.10 и шестата по ред во Скопје закажана за 17.11. Оправдано, неоправдано, тоа е. Еве сме со уште еден преглед и со неколку линкови собрани изминативе две недели.

  1. Content Marketing трендови за 2018. Исклучително тешко е да се предвидуваат трендови година за година во маркетинг светот особено кога и се оди чекор конкретно како во оваа листа на Content Marketing Institute. Работите се развиваат и трендовите траат подолго. Она што е важно е нивното потврдување со практични примени и следење на интензитетот на развој. Е, токму тоа на кратко го има во Content Marketing Trends to Watch for 2018. На кратко: оригинална содржина, купување на медиумски компании, градење на компаниски тимови…
  2. Џабе статистика ако нема стратегија. Еве една колумна која ќе ви помогне ако сте и вие од оние кои се „заигруваат” со аналитиката само затоа што им е интересно да си играат, или пак за оние кои секој ден се борат со своите претпоставени во докажувањето кои бројки се важни. Заклучокот на The abyss of analytics e не собирајте податоци само за да ги соберете, собирајте ги за да одговорите на конкретни прашања, и знајте ги прашањата пред да започнете со собирање.
  3. Facebook и неговиот моќен алгоритам. На крајот се се завршува со: за повеќе пари… ама во меѓувреме има многу, многу други работи кои се важни за развојот на општеството, бизнисите и сл. Во серијата на The long read во Guardian, минатиот месец улета и приказната за Facebook’s war on free will. Дава поширока перспектива, факт.
  4. Social Media трендови. Американциве се порано и порано почнуваат да објавуваат трендови за следна година.. па кога веќе почнавме еве една 4 Social Media Trends You Need to Know About for Next Year. На кратко: Chatbots, комплетен фокус на мобилни корисници, видео и диверзификација на платформи.
  5. Клучни зборови. Кои алатки ги користите кога треба да ги најдете најрелевантните клучни зборови и фрази за вашата SEO и content стратегија? Еве еден корисна листа, може од излистаниве 10 има некоја алатка која сте ја подзаборавиле или не ја знаете: Finding the Best Search Terms for Your Business: 10 Tools and Tips
  6. DropBox… има нов дизајн. Шарен, благо речено… склопиле фина приказна зошто и како после 10 години го смениле својот пристап и изглед. Може нема да ви се допадне, ама интересно е да се разгледа, прочита па и да се „украде” по нешто 🙂
  7. Facebook Watch. Веројатно до сега дознавте дека дел по дел новиот сервис/дел од Facebook, директно создаден за да го нападне YouTube – Facebook Watch станува достапен низ светот. Од пред, скоро два месеци е целосно достапен во Америка, па соодветен на тоа почнаа да излегуваат статистики за неговата употреба. После краток период бројките се подобрени, но далеку од добри. Сега во просек секое видео на Watch се гледа 23 секунди. Ова е повеќе од просекот на FB Timeline но далеку од просекот на YouTube. Повеќе детали на Digiday:  Facebook’s Watch videos are being viewed an average of 23 seconds

Со огромна веројатност дека повторно ќе касниме со следниот преглед, предизвикуваме да ни праќате линкови на FB или на некои од останатите канали каде може да не најдете.

Leave a Reply

Твојата email адреса нема да биде објавена.