Media & Marketing Blog

Информатичката технологија во образованието

Ми се допаѓа како некои работи се повеќе излегуваат на виделина во последно време. Навистина ова со потегот на МТ не е убава работа, но сепак на површина избиваат многу други пропратни работи кои не се воопшто помалку важни.

Некако, откако се усвои стратегијата за информатичко општество, во јавноста поради овој или оној повод многу почесто се отвараат овие теми. Ова секако е многу позитивна работа, иако најголем дел од дебатите се однесуваат на крајно негативни ситуации.

Сепак ова ни остава надеж дека овие теми ќе си го фатат местото во јавната расправа и во секојдневието на луѓето, па еден ден тие ќе бидат позитивни, едноставно, ни преостанува да се бориме да дојде тоа време.

На оваа тема во викенд бројот на дневниот весник Дневник во рубриката Форум има два текста. Едниот не можев ниту да го дочитам бидејќи ми беше преполитички настроен, а другиот е оној кој ви го препорачувам.

Автор е Славица Грковска, потпишана како пратеник, по струка математичар, дел од студиите на ПМФ. Темате е информатичката технологија во образованието. Во продолжение само еден извадок а потоа продолжете сами:

Дали може да бидеме задоволни ако имаме компјутерски лаборатории во секое училиште и со тоа да сметаме дека мисијата е завршена? Се разбира НЕ!!! Надвор од училиштето нашите деца се веќе длабоко навлезени во 21 век, многу повеќе од поголемиот број нивни наставници и затоа за нив училиштето станува здодевно исто како и начинот на кој се употребуваат компјутерите!

Она што основно мислам дека треба да се направи е да се подготват граѓаните, да се едуцираат за бенефитот што можат да го имаат од употребата на информатичко – комуникациските технологии, без разлика дали зборуваме за градски или рурални средини, а тоа е исклучиво можно преку процесот на образование и тоа почнувајќи од најмала возраст. (целиот текст)

2 коментари на “Информатичката технологија во образованието”

  1. GoodBytes

    Да, текстот е интересен. Има уште една работа – вистина некои работи се подобруваат, но некои грешки ги правиме со години, иако лесно можат да се воочат и исправат, барем во теорија.

    Напишав еден поширок коментар на Panta Rei: „Реалноста на информатиката во образованието“.

  2. Perlengkapan bayi

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your web site is great, as well as the content!. Thanks For Your article about Информатичката технологија во образованието | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.