Media & Marketing Blog

Наскоро… огласување на Твитер за сите

Дали тоа Twitter конечно се подготви за големиот чекор? Бизнис модел за заработка достапен за сите?

Нашиот драг пријател @Eniac пред некоj час на Twitter најави дека од денес е во можност да ја користи огласувачката платформа на Twitter.

Сервисот уште не е достапен за сите, веројатно го пуштаат дел по дел но еве ги првите искуства кои ни ги пренесува Небојша.

Платформата е слична на онаа за менаџирање со Facebook рекламите и на прв поглед далеку полесно се управува и многу фино изгледа. Еве на кратко за што се работи:

 Огласување во 3 чекори

1. Избери локација;

2. Избери која Twitter сметка ќе ја промовираш;

3. Или избери да промовираш твит;

Толку е едноставна првата верзија на платформата за огласување која е веќе достапна за пријавување. Она што ни го перенесува @eniac, а наскоро се надеваме и самите ќе го искусиме, е фактот дека сите земји од регионов се застапени при избор на локација, но сега за сега Twitter не одговара на прашањето колку вкупно Twitter корисници има во овие земји. До сега шпекулиравме, имаме некоја претстава за цифрата, имаме некоја претстава за интензитетот на активност, но сепак и понатаму статистиката останува шпекулација.

Како и да е, со ова Twitter сериозно се заканува да одземе дел од колачот/буџетот за Facebook огласување. Скоро и да сме сигурни дека брендовите, а особено маркетинг агенциите практично „плачеа“ по оваа можност која отвара едни други врати и еден поинаков свет. Ако спаѓате во едната или во другата група, веднаш пријавете се за да започнете со огласување.

По овие 3 чекори, следете статистики и адаптирајте.

Планирајте сериозен буџет

Оние кои имаат искуство со Facebook рекламите, забележаа во претходните скриншотови дека ова и нема да биде така ефтино искуство во споредба со Facebook. Небојша вели дека можно е предефинираните суми да не се финалните туку преземени од други пазари, па затоа се уште е рано да носиме заклучоци за трошоците, но она што сега го забележуваме вели да се планираат поголеми буџети.

Факт е дека Twitter е мал и дека голем дел од локалните компании или не го вклучуваа во своите активности или делумно погрешно го користеа. Останува прашањето дали сега компаниите ќе најдат поцврста подлога за да го окупираат повеќе Twitter и да се залагаат за комуникација која е соодветна за овој медиум? Или можеби се ќе се сведе на промоција и продажба? Знаете дека ние сме вљубени во Twitter, и дефинитивно одблиску ќе го следиме ова. Останува да видиме како ќе се одвиваат работите…