Media & Marketing Blog

Ми смета!?!

Одамна не сум пишувал ништо за локалниве медиуми и емисии, а со новава сезона сега медиумската слика ни е подзбогатена. На ум пи паднаа две рабои кои ми сметаат.

1. Зошто водителите на Антена5 кога се јавуваат од Англија или од некој друг спортски настан мора да прават стручни анализи на играта и потезите кои ги повлекуваат тренерите и да ги деконструираат тактиките на тимовите? Ако решиле да покриваат спортски настани како еден вид на популарна/забавна содржина нека зборуваат за атмосферата, нека зборуваат за Бекам и жена му, нека се држат до шоу бизнисот, барем таму го има на претек. Има кој да кометира за спортот.

2. Пирамида. Одлично. Повторно се докажува дека преземена лиценца е најуспешниот модел да се направи популарна и кавалитетна емисија. Браво за организаторите, браво за учесниците. Можеби треба да простам прва емисија беше, ама зошто Весна Бејби мораше да ги прекинува учесниците во дебатата и зошто таа мораше да си го кажува својот став, онка ко прле пред магаре, да истрчува во стилот и ја знам.

Патем, ми се допаѓаат двата потега, и спортот на Антена5 и Пирамида, ама треба да се сработи до крај.

2 коментари на “Ми смета!?!”

  1. Komunikacii » Ивце Пивце во вестите подолу?

    […] Ќе ја употребам најфреквентната фраза на македонско-медиумските-дебатно-полемичко- расправачки емисии и ќе напишам дека еве би сакал „да се надоврзам“ на постот на Дарко за состојбите и програмите на локалните електронски медиуми. Па така по неколкудневно здраво-критичко и добронамерно следење на истиве со мирна душа можам да напишам:нашиве медиуми навистина работат по максимата „размислувај глобално-глупирај се локално“. Во дебатите за јазикот и политичката пристрасност нема ни да навлегувам, а сепак останува море од грешки и смешки за кои навистина треба да се напише по некој збор: […]

  2. Perlengkapan bayi

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about Ми смета!?! | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.