Ми смета!?!

Одамна не сум пишувал ништо за локалниве медиуми и емисии, а со новава сезона сега медиумската слика ни е подзбогатена. На ум пи паднаа две рабои кои ми сметаат.

1. Зошто водителите на Антена5 кога се јавуваат од Англија или од некој друг спортски настан мора да прават стручни анализи на играта и потезите кои ги повлекуваат тренерите и да ги деконструираат тактиките на тимовите? Ако решиле да покриваат спортски настани како еден вид на популарна/забавна содржина нека зборуваат за атмосферата, нека зборуваат за Бекам и жена му, нека се држат до шоу бизнисот, барем таму го има на претек. Има кој да кометира за спортот.

2. Пирамида. Одлично. Повторно се докажува дека преземена лиценца е најуспешниот модел да се направи популарна и кавалитетна емисија. Браво за организаторите, браво за учесниците. Можеби треба да простам прва емисија беше, ама зошто Весна Бејби мораше да ги прекинува учесниците во дебатата и зошто таа мораше да си го кажува својот став, онка ко прле пред магаре, да истрчува во стилот и ја знам.

Патем, ми се допаѓаат двата потега, и спортот на Антена5 и Пирамида, ама треба да се сработи до крај.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Media. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Ми смета!?!"

Коментирај!