Media & Marketing Blog

[Подкаст #47] Закана за цензура на интернет во Македонија

Конечно, во третата епизода од оваа сезона ни се врати Мите и прозборувавме малку и за NBA. Не, се зезам, не зборувавме за тоа иако Мите сакаше :)).

Во оваа епизода коментиравме околу предлог законот за клевета и навреда каде во еден член се превидување на мала врата воведување на цензура на интернет, а потоа се надоврзавме со краток осврт на последниот извештај за репресијата на интернет од Freedom house.

При крајот стигнавме малку да ги искоментиравме последните потези на Facebook и Twitter.

Патем, денес налетав на еден одличен текст кој ми е криво што не го прочитав пред подкастот за да вметневме нешто од таму во муабетот. Станува збор за пресек на состојбата и новите иницијативе на Британските законодавци во поглед на регулирање на комуникацијата на социјалните медиуми, односно изнаоѓање и дефинирање на нови практики при судски постапки. Освртот е на GigaOm: Spate of jail terms for online trolls leads uk to re-examine rules