Skip to content


SMS Измама

Сподели

Приказнава е следна:
Кинез добива СМС порака со известување дека купил производ вреден 18.000 долари преку кредитна картичка. Целиот во паника врти на бројот кој стоел во пораката како контакт. А таму му бараат да ги каже бројот на картичката и лозинката. Погодувате што се случува натаму. (детално)

Она што мене ми се допадна во оваа информација никаде не е употребен терминот хакер, тие велат high-tech fraud. И навистина соодветен термин кој ги поштедува хакерите од ново невкусно етикетирање.

Овој пример не е воопшто нов но може во иднина да послужи и во праксата на македонските новинари бидејќи ако на било кој дневен весник пребарувате со терминот хакер, 90% од резултатите ќе се однесуваат на некои вакви или слични измами. А хакерите во суштина не се тоа.

Share @ Ping.mk

Може да те интересира:

Категории: general.


0 Коментари



Може да ставиш и малку HTML, ако сакаш.

или, пријави trackback.