Media & Marketing Blog

Just what is a blog, anyway?

To blog or not to blog is no longer the question. (линк)

The question now: What is a blog? (линк)

Пред неколку дена Мијалче повторно ја отвори темава (линк). Навистина проблематична тема.

Оваа пролет јас работев еден текст кој се однесуваше на блоговите. Деновиве тој треба да се појави и во списанието Културен живот, (и навистина одвај чекам да излезе бидејќи тогаш конечно ќе можам и тука на блогов да го споделам со сите вас).

Но се плашам дека дефинициите кои таму ги имав наведено за блоговите сега се менуваат. Во меѓувреме овде на блогов и низ блогосферава се појавија работи кои многу ги надоградуваат тие дефиниции таму. Всушност тој процес не е од сега, туку се одвива веќе неколку години, и секогаш е така со новите технологии дента кога нешто е напишано веќе е застарено.

ШТО ВСУШНОСТ Е БЛОГ

МОја лична определба е да не се навлегува во содржинска анализа бидејќи така дефиниција нема да можеме да извадиме. Во тоа време (пролетва) а богами и сега мислам дека единствена можна дефиниција која може да потрае е онаа која во себе содржи опис на техничките карактеристики на блоговите.

Тука ќе застанам, нема да појаснувам повеќе. Туку само ќе ви пренесам неколку извадоци од еден тазе текст кој е навистина добар а ја обработува токму оваа тема

ШТО ВСУШНОСТ Е БЛОГ – Just what is a blog, anyway?

“I don’t care,” e-mails Jeff Jarvis, the veteran print journalist and prominent blogger behind BuzzMachine. “There is no need to define ‘blog.’ I doubt there ever was such a call to define ‘newspaper’ or ‘television’ or ‘radio’ or ‘book’ — or, for that matter, ‘telephone’ or ‘instant messenger.

Blogs are whatever we make them. Defining ‘blog’ is a fool’s errand.”

“I can define them for you very easily,” Jason Calcanis says. “There are three main features of a blog: the first is reverse chronological order, the second is unfiltered content — the second somebody filters or edits the author it’s no longer a blog — and the third is comments.” Calcanis’s insistence on a precise definition puts him clearly in a minority of blogging experts who mostly admit they can’t or won’t define exactly what constitutes a blog.

4 коментари на “Just what is a blog, anyway?”

  1. Петар

    Мое стандардно прашање на тема на дефинирање на работите е „за што ти е потребна дефиницијата?“ На пример, за тебе во улога на теоретичар на комуникации една дефиниција може да има логика, за тебе како блогер втора дефиниција, а за мене како срџенџинчија 🙂 трета.

  2. GoodBytes

    мислам дека единствена можна дефиниција која може да потрае е онаа која во себе содржи опис на техничките карактеристики на блоговите

    Од технички аспект, онака како што го гледаат веб програмерите, блог е Content Management System, односно веб апликација која овозможува брзо и лесно создавање и додавање содржини на веб сајт.

    Што повеќе се обидуваш да излезеш од основната намена на блогот, вака како во суштина и технички е изнесена, веќе ќе почнеш да навлегуваш во описи на конкретни примероци и ќе се оддалечиш од суштината.

    Поентата на Петар држи вода – ако се обидуваш да дадеш дефиниција вон суштината на блогот, ќе имаш дефиниција која нема да е сеопфатна, и во некои случаи неточна, зависно од аспектот од кој се гледа.

  3. Darko156

    Петар, се сложувам со тебе дека дефиницијата (сфаќањето) за секого е различна(о). Јас како блогер не чувствувам потреба да дефинирам, но многу често луѓето на кои им раскажувам за блогови сакаат да знаат што се блогови, и навистина ми е напорно да им доловам што се блогови, особено ми е тешко да објаснам нешто за што и мене секојдневно ми се надополнува претставата.

    Но од друга страна како комуниколог во некои научни разгледувања морам да прифатам некоја дефиниција бидејќи науката (сакале ние или не) е поставена на некои такви основи. Комплетно сум свесен дека во моментот кога човек ќе прифати дефиниција тој (особено ова важи за блог) отфрла голем дел од работите. Токму затоа јас најчесто ја “пропагирам“ ова техничкава дефиниција, (и оваа на goodbytes ми се допаѓа – уште понеограничувачка е, ама за жал и помалку ги опишува блоговите) но секогаш во продолжение наведувам или споменувам уште неколку други, различни, дефиниции.

    Кога јас прв пат прашав една моја професорка што се блогови го добив следниов одговор: “Не можам баш да ти опишам, не знам ни јас многу, ама знам дека во иднина сите веб-страници ќе бидат блогови“ – нормално ова со мала доза на шала и резервираност.

    Во секој случај овој текст кој го препорачав тука е еден од подобрите кој сум го сретнал последниве неколку недели.

    Темата блог продолжува и понатаму да се актуелизира :))

  4. GoodBytes

    Види, кога Интернет започна да функционира поинтензивно, во почетокот на девеесеттите, се увиде неговото силно значење како глобален медиум кој на секој човек ќе му даде место каде да си ги истресе виугите.

    Кога се појавија блоговите со нивната леснотија за создавање содржини, содржините на Интернет експлодираа по квантитет. Всушност, нивната појава беше горе-долу очекувана, заради големиот број луѓе кои имаат потреба да создаваат содржини на Мрежата. Дури и не мора значи дека долго ќе останат во овој формат или само со текст/слика содржини.

    Како и да е, ќе биде интересно. 🙂

Коментарите се затворени.