Media & Marketing Blog

Линк новинарство

Или новинарство со линкови. Линкање. Звучи сосем нормална работа за поголем дел од блогерите, но за новинарите кога станува збор за објавување на информации и линкови во совоите статии до скоро ова беше непоимливо. За среќа трендот се менува.

Терминот link journalism колку и да звучи обично и секојдневно по старите добри американски принципи мора да си има своја генеза, да не речам човек кој го сковал терминот. И си има. Скован е некаде во февруари оваа година од Scott Carp создавачот на Publishing 2.0 каде всушност во еден пост поврзан на една конкретна сторија на NYT тој го воведува терминот link journalism. Дефиницијата оди вака:

Link journalism is linking to other reporting on the web to enhance, complement, source, or add more context to a journalist’s original reporting.

The standard journalistic technique for providing context and support for assertions is to quote sources, but on the web, the “link journalism approach” is to link to other actual reporting.

И ние локално се радуваме на секој позитивен потег во оваа насока, се сеќавам на првите линкови кон Wikipedia објавени во вест на А1, или линкови до официјални сајтови на некои настани на Утрински. Но овие локални примери не го користеа линкот како вистинска форма на новинарство. Ова беше случај и со остатокот од светот.

Josh Catone од ReadWriteWeb непосредно по постот на Scott Carp ја продлабочи целата дискусија разгледувајќи ги пошироките аспекти на оваа нова форма на новинарство:

According to Wikipedia, “Journalism is the discipline of gathering, writing and reporting news, and broadly it includes the process of editing and presenting the news articles.” Karp’s link journalism falls at least into the “gathering” and “editing” pieces of that. It’s certainly not on the same level as original reporting — which link journalism relies on completely — but it does have an important place, and I hope newspapers are listening to Karp’s call to tear down pay walls and start recycling relevant historical content by utilizing links. And not just to their own reporting, but to any reporting that could add value for the reader. …Link Journalism: Is Linking to News a form of Journalism?

Секако, на светско ниво а особено на локално медиумските умови се опседанти со фактот дека тие всушност ќе ги носат своите читатели на друго место, т.е. ќе ги тераат да излезат од нивниот сајт. Факт, ако се гледа низ призмата на традиционалните сфаќања на вестите тоа е точно, но работите одамна не функционираат така, Интернет не функционира така. И место да објаснувам како функционира ќе направам она што најчесто го прават и другите, ќе цитирам еден од законите на Google кој е однесува токму на линковите:

“the better job you do at sending people away, the more they come back.”

На огромно задоволство, пред се ан блогерите изгелда овие зборови на Carp влегле во нечиј ум, па последните трендови укажуваат дека линк новинарството станува составен дел на онлајн новинарството. Искрено се надева дека тоа ќе биде побрзо пример и со локалните сајтови за вести.

Еве уште некој линк на темава:
Mainstream News Outlets Start Linking to Other Sites
Is linking to outside news sites the future?
Do what you do best, link the rest

How, and where, to hyperlink within a news story
Reinventing Journalism On The Web: Links As News, Links As Reporting