Media & Marketing Blog

Медиумите и јавното мислење во поткрепа на НАТО

„Сакам да укажам дека Македонија како долгогодишен партнет на НАТО ја научи лекцијата од важноста и полезноста од позитивната јавна поддршка во спроведувањето на севкупните реформски проценки. Во оваа прилика го истакнувам фактот дека мојата земја по сите оценки е на добар пат наскоро да стане членка на Алијансата. Мислам на големиот  број веќе постигнати критериуми, оваа моја увереност произлегува не само од силниот политички и социјален консензус во Македонија за членство во НАТО, туку и од постојаната висока јавна поддршка,која според последното истражување на Меѓународниот Републикански институт  изнесува 90 проценти од населението.“ …DW на Македонски

Ова е изајава на Антонио Милошевски, и претставува скоро половина од целиот текст на темава. Во текстот има една цела реченица каде се спомнуваат медиуми, и тоа последната:

За ова во Охрид дебатираат седумдесетина новинари од регионот,но и претставници на најсилните медиумски државни новински агенции од 11 држави. …DW на Македонски

Не ми е јасно. Ако настанов го организираат МИА, БТА, А1 и Дневник и ако насловот на настанот е „Медиумите и јавното мислење….” каде се медиумите? Каде се изјавите на експертите, новинарите и сл.?  Каков впечаток остава ваков напис? Зар извештајот од ИРИ е главната работа на овој собир?

МИА има извештај, каде повторно фокусот е на политичарите, ама делува посолидно 🙂

Еве и дел од останатите:

На НАТО му е потребна и Македонија – Вечер
Освен безбедни, ќе бидеме и побогати – Вечер